Даниел
12 „Во тоа време, ќе се крене* големиот кнез Михаел,* кој се зазема за* твојот народ. И ќе има неволја каква што немало откако постои еден народ, па сѐ дотогаш. Во тоа време, твојот народ ќе се избави — ќе се избави секој што е запишан во книгата. 2 А мнозина од оние што починале ќе станат,* едни за вечен живот, а други за срам и за вечен презир.
3 Оние што се разборити ќе блескаат како сјајниот небесен свод; оние што ќе им помогнат на мнозина да станат праведни ќе светат како ѕвездите во сета вечност.
4 А ти, Даниел, чувај ги овие зборови во тајност и запечати ја книгата до времето на крајот. Многумина ќе ја истражуваат,* и вистинското знаење ќе се зголеми.“*
5 Тогаш јас, Даниел, погледнав и видов други двајца — едниот од нив стоеше од едната, а другиот од другата страна на реката. 6 Потоа еден од нив го праша човекот во ленена облека кој беше над водите на реката: „Кога ќе завршат овие чудесни настани?“ 7 А човекот облечен во ленена облека што беше над водите на реката ги подигна десната и левата рака кон небото, па го чув како се заколна во Бог, кој живее вечно, со зборовите: „За тоа се одредени едно време, две времиња и половина време.* На сето ова ќе му дојде крај кога ќе заврши уништувањето на силата на светиот народ“.
8 Јас го чув тоа, но не можев да го разберам. Затоа прашав: „Господару мој, како ќе заврши сето ова?“
9 Тогаш тој рече: „Оди, Даниел, бидејќи овие зборови треба да се чуваат во тајност и да останат запечатени сѐ до времето на крајот. 10 Мнозина ќе се очистат, ќе се избелат и ќе се пречистат. А злобните ќе прават зло и ниту еден од нив нема да разбере. Но, оние што се разборити ќе разберат.
11 Откако секојдневната* жртва ќе биде укината и гадотијата која пустоши ќе биде поставена на своето место, ќе поминат 1.290 дена.
12 Среќен е оној што стрпливо чека додека не поминат 1.335-те дена!
13 А ти остани верен до крај. Ќе почиваш, но кога ќе дојде одреденото време, ќе станеш за да го добиеш своето наследство“.*