4. Мојсеева
27 Тогаш пристапија ќерките на Салпад,+ синот на Офер, син на Галад, син на Махир, син на Манасија,+ од семејството на Јосифовиот син Манасија. А имињата на неговите ќерки беа: Мала, Нуа, Огла, Мелха и Терса.+ 2 Тие застанаа пред Мојсеј и пред свештеникот Елеазар,+ пред поглаварите и пред целата заедница на влезот во шаторот на средбата, па рекоа: 3 „Нашиот татко умре во пустината,+ но не беше од онаа дружина што се постави против Јехова, дружината на Кореј,+ туку умре поради својот сопствен грев,+ а немаше синови. 4 Зошто името на нашиот татко да биде избришано од неговото семејство поради тоа што немаше син?+ Дај ни наследство меѓу браќата на нашиот татко!“+ 5 И Мојсеј го изнесе нивниот случај пред Јехова.+
6 А Јехова му рече на Мојсеј: 7 „Право велат ќерките на Салпад. Секако, дај им имот што ќе биде нивно наследство меѓу браќата на нивниот татко и пренеси го на нив наследството од нивниот татко.+ 8 А на синовите на Израел речи им: ‚Кога некој ќе умре, а нема син, пренесете го неговото наследство на неговата ќерка. 9 Ако нема ќерки, дајте им го неговото наследство на неговите браќа. 10 Ако нема браќа, дајте им го неговото наследство на браќата на неговиот татко. 11 А ако неговиот татко нема браќа, дајте му го неговото наследство на некој негов крвен роднина,+ кој му е најблиска рода; тој нека го добие наследството. Тоа нека биде законска одредба за синовите на Израел, како што Јехова му заповеда на Мојсеј‘ “.
12 Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Искачи се на оваа аваримска планина+ и погледни ја земјата што им ја давам на синовите на Израел.+ 13 Откако ќе ја видиш, и ти ќе им се придружиш на своите прататковци,+ како што им се придружи твојот брат Арон,+ 14 зашто се побунивте против мојата наредба во пустината Зин кога заедницата се препираше со мене,+ наместо да ме посветите+ пред нивни очи кај водата, меривската вода+ кај Кадис,+ во пустината Зин“.+
15 А Мојсеј му рече на Јехова: 16 „Јехова, Богот на животниот дух+ во секое тело,+ нека постави над оваа заедница човек+ 17 кој ќе ги води во сѐ и кого ќе го следат во сѐ,+ за да не биде заедницата на Јеховиниот народ како стадо овци што немаат овчар“.+ 18 А Јехова му рече на Мојсеј: „Земи го Исус, синот на Навин, човек кој има дух,+ и положи ја раката врз него.+ 19 И доведи го пред свештеникот Елеазар и пред целата заедница, па постави го за водач пред нивни очи.+ 20 Предај му дел од својата чест,+ за да го слуша целата заедница од синови на Израел.+ 21 Нека доаѓа пред свештеникот Елеазар за тој да ја бара+ за него пред Јехова одлуката со посредство на Урим.*+ Неговата заповед ќе ја слушаат во сѐ, тој и сите синови на Израел со него, целата заедница“.
22 И Мојсеј направи така како што му заповеда Јехова. Го зеде Исус, го доведе пред свештеникот Елеазар+ и пред целата заедница, 23 ги положи рацете врз него и го постави за водач,+ како што рече Јехова преку Мојсеј.+