Песна која ја напиша Давид кога се најде во Јудејската Пустина.+
63 Боже, ти си мој Бог, тебе те барам.+
Мојата душа жеднее за тебе.+
Моето тело гине од копнеж по тебе
во земја сува и исушена, каде што нема вода.+
2 Така те гледав во светото место,+
откако ја видов твојата сила и твојата слава.+
3 Твојата милост е подобра од животот,+
затоа ќе те фалат моите усни.+
4 Затоа ќе те благословувам додека сум жив,+
во твое име ќе ги подигам рацете во молитва.+
5 Мојата душа се насити како со најдобриот дел, како со лој,+
и мојата уста те фали со радосен восклик на усните.+
6 Кога ќе се сетам на тебе в постела,+
за време на ноќните стражи, размислувам за тебе.+
7 Зашто, ти ми помагаш,+
во сенката на твоите крилја воскликнувам радосно.+
8 Мојата душа се прилепи до тебе,+
твојата десница цврсто ме држи.+
9 А оние што ѝ посакуваат пропаст на мојата душа+
ќе отидат во најдлабоката длабочина на земјата.+
10 Ќе бидат предадени на власта на мечот,+
ќе станат храна за лисиците.+
11 А Бог ќе биде радоста на царот.+
Секој што во него се заколнува, ќе се гордее,+
зашто ќе им биде затната устата на оние што кажуваат лаги.+