Исаија
30 „Тешко на тврдокорните синови“,+ вели Јехова, „кои спремно ги извршуваат намерите, но не моите намери,+ и склучуваат сојуз излевајќи жртви налевници, но не со мојот дух, туку додаваат грев врз грев,+ 2 и се подготвуваат за Египет,+ а не го бараат советот од мојата уста,+ туку се засолнуваат во тврдината на фараонот, бараат засолниште во сенката на Египет!+ 3 Тврдината на фараонот ќе ви биде за срам,+ засолништето во сенката на Египет — понижување.+ 4 Зашто, неговите кнезови се во Соан,+ неговите пратеници дојдоа дури до Ханес. 5 Сите ќе се посрамат од народ од кој нема корист, од кој нема ниту помош ниту корист, туку е за срам и за прекор.“+
6 Објава против јужните животни:+ Низ земја на неволја+ и тешкотија, каде што се лавот и леопардот што ’ржи, каде што се отровницата и брзата лутица,+ тие го носат своето богатство на грбот на магариња, ја носат својата стока на грбот на камили.+ Но, народот ќе нема корист од тоа. 7 Залудна е довербата во Египет, ништожна е неговата помош.+ Затоа и го викам: „Раав,+ кој само седи мирно“.
8 „Оди сега, напиши го тоа на плоча пред нив, запиши го тоа во книга+ за да остане за некој иден ден, за сведоштво довека.+ 9 Зашто, тие се бунтовен народ,+ лажливи синови,+ синови кои не сакаат да го слушаат Јеховиниот закон.+ 10 И им велат на јасновидците: ‚Откажете се од своите гледања!‘ — а на оние што имаат виденија: ‚Не пророкувајте ни ја вистината!+ Кажувајте ни убави зборови, пророкувајте ни измами!+ 11 Скршнете од патот, отстапете од вистинската патека!+ Тргнете ни го од пред очи Израеловиот Светец!‘ “+
12 Затоа, вака вели Израеловиот Светец: „Штом ја отфрлате оваа реч,+ а имате доверба во измамата и во она што е опачно, и се потпирате на нив,+ 13 тој грев ќе ви биде како пукнатина на ѕид, кој само што не паднал, како издаденост на висок ѕид,+ кој може да се урне одеднаш, ненадејно.+ 14 Ќе биде разбиен како што се разбива грнчарски ќуп,+ кој се крши беспоштедно на парченца, та меѓу нив не може да се најде доволно големо парче за со него да се земе оган од огништето или да се зафати вода од бара“.+
15 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова, Светецот Израелов:+ „Ако се вратите и ако бидете спокојни, ќе бидете спасени. Зачувајте ги мирот и довербата,+ тоа ќе биде вашата сила!“ Но вие не сакавте.+ 16 И рековте: „Не, туку ќе побегнеме на коњи!“+ Затоа и ќе бегате. И рековте: „Ќе јаваме на брзи коњи!“+ Затоа ќе бидат брзи оние што ќе ве гонат.+ 17 Илјада ќе затреперат кога еден ќе се закани,+ а кога ќе се заканат петмина, ќе бегате додека не останете толку малку што ќе бидете како осамен јарбол на врв планина и како собирен знак на рид.+
18 Затоа Јехова ќе чека да ви се смилува+ и затоа ќе стане да ви покаже милост.+ Зашто, Јехова е Бог кој дава правда.+ Среќни се+ сите што го чекаат него.+ 19 Кога народот на Сион+ ќе живее во Ерусалим,+ повеќе нема да плачеш.+ Тој навистина ќе ти се смилува кога ќе го чуе твојот лелек; штом ќе го чуе, ќе те услиши.+ 20 Јехова ќе ве нахрани со неволја како со леб и ќе ве напои со мака како со вода,+ но нема повеќе да се крие твојот Најголем Учител, туку твоите очи ќе го гледаат твојот Најголем Учител.+ 21 И ако скршнете надесно или налево,+ вашите уши ќе ја чујат речта зад вас како вели: „Тоа е патот,+ одете по него!“
22 Ќе ги сметате за нечисти вашите режани посребрени ликови+ и лиените+ позлатени статуи+ и ќе ги испофрлате.+ Како жена со месечен ред кога го отфрла од себе нечистото платно, ќе им речете: „Нечистотијо!“+ 23 А тој ќе даде дожд за твоето семе со кое ја засејуваш земјата,+ и ќе даде земјата да ти роди леб, хранлив леб, кој заситува.+ Во тој ден твојот добиток ќе пасе на пространо пасиште.+ 24 Говедата и магарињата што ја обработуваат земјата ќе јадат храна зачинета со вкусен киселец, веена со лопата+ и со вила. 25 На секоја висока планина и на секој висок рид ќе има потоци,+ водни прокопи — во денот на големиот колеж кога ќе се уриваат кулите.+ 26 Светлината на полната месечина ќе биде како светлината на сонцето, а светлината на сонцето ќе биде седумпати посилна,+ како светлината на седум денови — во денот кога Јехова ќе ја превие скршеницата+ на својот народ и ќе ја излечи+ тешката рана од ударот што му го нанесе тој.
27 Гледај, Јеховиното име доаѓа оддалеку, доаѓа во својот распламтен гнев+ и со густи облаци. Усните му се полни со осуда, јазикот му е како оган што голта.+ 28 Духот му е како силен порој што достига до гуша.+ Ќе ги просее со решето+ безвредните народи, та ништо нема да остане, и на народите+ ќе им стави во челуста узди+ со кои ќе ги одведе во пропаст. 29 Песната+ ќе ви биде како во празнична+ ноќ, а радоста во срцето како кај оној што оди со шупелка+ на Јеховината гора,+ кај Израеловата Карпа.+
30 Јехова ќе згрми со својот силен глас+ и ќе ја покаже својата рака која удира,+ во жесток гнев+ и во пламенот на огнот што голта,+ во пороен дожд,+ во бура и град.+ 31 Зашто, од гласот на Јехова ќе се исплаши Асирија,+ тој ќе ја удри со стап.+ 32 Секогаш кога Јехова ќе замавне и ќе ја удри Асирија со својот казнен стап, ќе се огласат дајриња и харфи.+ Ќе светка оружјето во битките што ќе ги води против неа.+ 33 Зашто, нејзиниот Тофет+ е веќе подготвен, и приготвен е за самиот цар.+ Дрвата за нејзината клада ги наредил во длабока јама. Огнот е голем и има многу дрва. Јеховиниот здив, како порој од сулфур, го изгорува сето тоа.+