Јов
34 Елиу продолжи и рече:
2 „Слушајте ги моите зборови, вие мудри луѓе,
чујте ме, вие умни луѓе!
4 Сами да се увериме што е исправно,
заедно да дознаеме што е добро.
6 Зарем ќе лажам за правдата што ја заслужувам?
Мојата болна рана е неизлечлива, иако немам престап‘.+
8 На пат е да им се придружи на злосторниците
и да оди со злобните.+
9 Зашто, рече: ‚Човек нема полза+
од тоа што го сака Бог‘.
10 Затоа послушајте ме, луѓе со разборито срце!+
Не е можно вистинскиот Бог да прави зло,+
Семоќниот да постапува неправедно!+
11 Зашто, тој му плаќа на земниот човек според неговите дела,+
му дава на човекот според неговото поведение.
13 Кој му ја доверил нему земјата?
Кој му го предал целиот свет?*
14 Ако го насочи кон некого своето внимание
и ако го прибере кај себе неговиот дух и неговиот здив,+
15 ќе издивне секое тело,
и земниот човек ќе се врати во прав.+
16 Затоа, ако си разборит, слушни го ова,
приклони го увото кон моите зборови.
17 Навистина, зар ќе владее некој што ја мрази правдата?+
Ако е праведен моќникот, зар ќе го прогласиш за зол?+
18 Зарем некој ќе му рече на царот: ‚Никаквецу‘?
Или на достоинствениците: ‚Злобници‘?+
19 Бог не е пристрасен кон кнезовите
и не му придава поголема важност на достоинственикот отколку на сиромавиот,+
зашто сите тие се дело на неговите раце.+
20 Умираат за миг,+ среде ноќта.+
Луѓе се стресуваат и гинат,
моќни луѓе заминуваат, без да ги допре човечка рака.+
21 Зашто, неговите очи се насочени кон човековите патишта,+
сите негови чекори тој ги гледа.
23 Зашто, Бог не треба да го одредува времето
за човек да дојде пред него на суд.
26 Ги удира како злосторници
на место каде што другите можат да ги видат,+
27 зашто отстапија од него+
и не им е грижа за ниту еден негов пат,+
28 па поради нив викањето на сиромавиот стигнува до него,
зашто, тој го слуша викањето на оние што се во неволја.+
29 Кога тој ќе донесе олеснување, кој може да го осуди?
Кога ќе го сврти своето лице,+ кој може да го види?
Сеедно е дали ќе го скрие од целиот народ+ или од еден човек.
31 Зашто, некој зарем ќе му рече на Бог:
‚Трпам, иако не правам зло.+
32 Поучи ме за она што самиот не го гледам!
Ако сум направил некаква неправда,
нема повторно да ја направам‘.+
33 Зар Бог ќе ти даде отштета за сето тоа, како што си замислил ти, иако ги отфрлаш неговите пресуди?
Изборот е твој, а не мој.
Кажи го она што го знаеш!
34 Луѓе со разборито срце+
и мудар човек што ме слуша ќе ми речат:
35 ‚Јов зборува, но нема знаење,+
во неговите зборови нема разборитост‘.
36 Татко мој, нека биде Јов искушан до крај
за зборовите што ги даде како одговор меѓу зли луѓе.+