Наум
3 Тешко му на крволочниот град!+ Полн е со измама и грабеж! Никогаш не е без плен! 2 Се слуша бич+ и трескот на тркала, коњите јурат, колите потскокнуваат.+ 3 Коњаник на коњ, пламен од меч, блесок на копје,+ мноштво убиени, купишта трупови, на мртвите тела им нема крај. На мртвите тела се сопнуваат — 4 поради многуте блудствувања на блудницата,+ која привлекува со својот шарм, вештата гатачка, која со својот блуд ги фаќа во замка народите, и со своето гатање+ — племињата.
5 „Еве, доаѓам против тебе“,+ вели Јехова над војските. „Преку лице ќе ти го кренам здолништето и ќе им ја покажам на народите твојата голотија,+ и на царствата — твојот срам. 6 Ќе фрлам на тебе гадотии+ и ќе те изложам на презир. Од тебе ќе направам страшна глетка.+ 7 И секој што ќе те види, ќе побегне од тебе+ и ќе рече: ‚Ниневија е опустошена! Кој ќе ја сожали?‘ Каде да ти најдам тешители? 8 Зар си подобра од Но-Амон,+ кој седеше на нилските канали?+ Водите беа насекаде околу него, неговото богатство беше морето, ѕид му беше морето. 9 Етиопија* му беше целата негова моќ, а и Египет+ — сила безгранична. Фут и Либијците му беа помошници.+ 10 И тој мораше да оди во изгнанство, отиде во ропство.+ Децата му беа здробени по аглите на сите улици,+ за неговите славни луѓе фрлаа ждрепка+ и сите негови големци се оковани во вериги.+
11 И ти ќе се опиеш,+ ќе бидеш скриена.+ И ти ќе бараш засолниште од непријателот.+ 12 Сите твои тврдини се како смокви со првите зрели плодови. Ако ги затресат, ќе му паднат в уста на оној што сака да ги јаде.+
13 Гледај, луѓето во тебе се како жени.+ На твоите непријатели ќе им бидат отворени портите на твојата земја. Оган ќе ги проголта твоите резиња.+ 14 Нацрпи си вода за опсадата.+ Зацврсти ги своите тврдини.+ Влези во калта и гази глина! Земи в раце калап за тули! 15 И таму оган ќе те проголта. Меч ќе те исече.+ Ќе те проголта како да е млад скакулец.+ Намножи се како младите скакулци, намножи се како скакулците. 16 Ги намножи своите трговци, побројни се од ѕвездите на небото.+
А младиот скакулец ја свлекува својата кожа и потоа одлетува. 17 Твоите стражари се како скакулци и оние што ја собираат војската се како рој скакулци. Во камени трла логоруваат во студен ден. А кога сонцето ќе огрее, се разлетуваат, и не се знае на кое место се.+
18 Твоите пастири се дремливи,+ царе асирски, твоите јунаци остануваат во своите живеалишта.+ Твојот народ се распрсна по планините и нема кој да го собере.+ 19 Нема лек за твојата пропаст. Твојата рана е неизлечлива.+ Сите што ќе ги чујат вестите за тебе ќе плескаат со рацете ликувајќи над тебе,+ зашто кого уште не го стигнуваше твојата злоба?“+