На управителот, за „Кринот за потсетување“. Миктам. Давидов псалм. За поучување.+ Кога се бореше со војската на Арам-Нахараим и на Арам-Зова, а Јоав се врати и погуби дванаесет илјади Едомци во Солената Долина.+
60 О Боже, ти нѐ отфрли, продре во нашите редови,+
се разгневи. Прифати нѐ повторно.+
2 Ја потресе земјата, ја раствори.+
Затвори ги нејзините пукнатини, зашто се ниша.+
3 На својот народ му даде да види неволја.+
Ни даде да пиеме вино од кое се тетеравиме.+
4 На оние што се бојат од тебе им даде собирен знак+
за да побегнат од лакот. (Села )
5 За да бидат избавени оние што ги сакаш,+
спаси нѐ со својата десница и услиши нѐ!+
6 Бог рече во својата светост:+
„Ќе воскликнувам, ќе го дадам Сихем+ во наследство,
ќе ја измерам рамницата Сокот.+
7 Галад е мој и Манасија е мој,+
Ефрем е тврдина на мојот поглавар,
Јуда е мојата заповедничка палка.+
8 Моав е сад во кој ќе си ги измијам нозете.+
На Едом ќе ја фрлам својата сандала.+
Над Филистеја ќе воскликнувам победнички“.+
9 Кој ќе ме доведе до опколениот град?+
Кој ќе ме води дури до Едом?+
10 Зар нема ти, Боже, кој нѐ отфрлаше досега+
и не одеше со нашите војски иако си наш Бог?+
11 Помогни ни во неволја,+
зашто залудно е да се надеваме на спасение од земен човек.+
12 Од Бог ќе добиеме сила,+
тој ќе ги згази нашите противници.+