Маскил. Асафов+ псалм.
74 О Боже, зошто нѐ отфрли засекогаш?+
Зошто пламна твојот гнев против стадото на твоето пасиште?+
2 Сети се на заедницата на својот народ што одамна си ја стекна,+
на племето што си го откупи како наследство,+
на оваа гора Сион на која си се населил.+
3 Зачекори кон вековните урнатини.+
Непријателот постапуваше лошо со сѐ во светото место.+
4 Твоите противници рикаат среде твоето место за средби.+
Своите знаци ги поставија како ознаки.+
5 На лош глас се како оние што од високо замавнуваат со секирите на стеблата во честаците.
6 И сега со секири и со греди со железни врвови ги разбиваат неговите резби.+
7 На оган го предадоа твоето светилиште.+
До земја го осквернија местото на кое престојува твоето име.+
8 Тие, заедно со своето потомство, си рекоа во срцето:
„Сите Божји места за средби во земјата треба да се запалат“.+
9 Не ги гледаме своите знаци, нема повеќе пророци,+
а ниту еден од нас не знае до кога.
10 До кога, Боже, ќе се подбива противникот?+
Дали непријателот засекогаш ќе покажува презир кон твоето име?+
11 Зошто ја повлекуваш раката, својата десница+
извлечена од пазувите, и дозволуваш да изгинеме?
12 Но Бог е мојот Цар од дамнина,+
тој дава величествено спасение среде земјата.+
13 Ти го разбранува морето со својата сила,+
им ги смачка главите на морските чудовишта во водите.+
14 Ти му ги здроби главите на левијатанот,+
им го даде за храна на луѓето, на оние што живеат во безводни краишта.+
15 Ти ги отвори изворите и пороите,+
ти ги исуши реките што постојано течеа.+
16 Твој е денот и твоја е ноќта,+
ти го постави сонцето, изворот на светлина.+
17 Ти ѝ ги одреди сите граници на земјата,+
ти ги направи летото и зимата.+
18 Сети се: непријателот се подбиваше, Јехова,+
и безумен народ покажуваше презир кон твоето име.+
19 Не давај им ја на ѕверовите душата на својата грлица.+
Животот на своите страдалници немој да го забораваш засекогаш.+
20 Погледни го својот сојуз,+
зашто мрачните места на земјата се полни со насилнички живеалишта.+
21 Згазениот нека не се врати понижен.+
Страдалникот и сиромавиот нека го фалат твоето име.+
22 Стани, Боже, води ја својата парница.+
Сети се како те срамотеше безумникот по цел ден.+
23 Не заборавај го гласот на своите противници.+
Викотницата на оние што стануваат против тебе непрестајно се крева.+