22 Давид му ја испеа на Јехова оваа песна+ во времето кога Јехова го избави од рацете на сите негови непријатели+ и од раката на Саул,+ 2 и рече:
„Јехова е моја спила,+ тврдина моја+ и мој избавител.+
3 Мојот Бог е моја карпа.+ Тој е мое прибежиште,
мој штит+ и рог+ на моето спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+
мое засолниште,+ мој спасител,+ кој ме избавува од насилство.+
4 Ќе го повикам Јехова, кој е достоен за фалба,+
и ќе бидам избавен од моите непријатели.+
5 Разбеснетите бранови на смртта ме опкружија,+
порои од никаквеци ме плашеа.+
6 Јажињата на гробот ме опколија,+
замките на смртта се испречија пред мене.+
7 Во својата неволја го повикував Јехова,+
кон својот Бог викав за помош.+
Тој го слушна мојот глас од својот храм,+
мојот повик за помош дојде до неговите уши.+
8 Земјата се заниша и се затресе,+
темелите на небото се поместија,+
се занишаа, зашто тој се разгневи.+
9 Чад излезе од неговите ноздри и од неговата уста вивна оган што проголтува,+
разжарени јаглења искокнуваа од него.+
10 Ги наведна небесата и слезе,+
темни облаци имаше под неговите нозе.+
11 Седна на херувим+ и долета,
се покажа на крилјата на еден ангел.+
12 Темнината ја подигна околу себе како шатор,+
црните дождовни облаци.+
13 Од секањето на молњите пред него пламтеа разгорени јаглења.+
14 Згрме Јехова од небесата,+
Севишниот го пушти својот глас.+
15 Испраќаше стрели за да ги распрсне,+
молњи за да ги збрка.+
16 Морските дна се покажаа+
и се открија темелите на земјата+
од заканите на Јехова, од силниот здив на неговите ноздри.+
17 Тој ја подаде раката од висина, ме фати+
и ме извлече од длабока вода.+
18 Ме избави од мојот силен непријател,+
од оние што ме мразат, зашто беа посилни од мене.+
19 Се креваа против мене во денот на мојата неволја,+
но Јехова ми беше поткрепа.+
20 Ме изведе на широко место,+
ме избави, оти сум му мил.+
21 Јехова ме наградува според мојата праведност,+
според чистотата на моите раце тој ми возвраќа.+
22 Зашто, се држев за Јеховините патишта+
и не се одметнав од својот Бог.+
23 Зашто, сите негови закони+ се пред мене
и од неговите одредби не отстапувам.+
24 Непорочен+ сум пред него
и се чувам да не направам престап.+
25 А Јехова нека ми возврати според мојата праведност,+
според мојата чистота пред неговите очи.+
26 Со верниот ти постапуваш верно,+
со беспрекорниот човек беспрекорно,+
27 со оној што е чист постапуваш чисто,+
а расипаниот го надмудруваш.+
28 Ти го спасуваше понизниот народ,+
а твоите очи ги набљудуваат вообразените за да ги понижиш.+
29 Зашто, ти си моја светилка, о Јехова,+
Јехова ми ја осветлува темнината.+
30 Зашто, со твоја помош можам и на разбојничка дружина да удрам,+
со помошта на својот Бог можам и на ѕидишта да се качам.+
31 Патот на вистинскиот Бог е совршен,+
Јеховината реч е чиста.+
Тој им е штит на сите што бараат засолниште кај него.+
32 Зашто, кој е Бог освен Јехова?+
И кој е карпа освен нашиот Бог?+
33 Вистинскиот Бог е моја силна тврдина,+
мојот пат го прави совршен,+
34 зашто ми дава нозе како на срна+
и ме става да стојам на места што се високи за мене.+
35 Ги учи моите раце да војуваат,+
па моите мишки го оптегнуваат бакарниот лак.+
36 Ти ми го даваш својот штит на спасението,+
твојата понизност ме прави голем.+
37 Им правиш место на моите чекори+
и моите глуждови не попуштаат.+
38 Ги гонам своите непријатели и ги сотирам,
не се враќам додека не ги истребам.+
39 Ги истребувам и ги здробувам+ за да не можат да станат,+
паѓаат под моите нозе.+
40 Ти ме опашуваш со сила за војна,+
ги соборуваш под мене оние што се креваат против мене,+
41 моите непријатели ги тераш да бегаат пред мене.+
Јас ги сотирам оние што силно ме мразат.+
42 Тие викаат за помош, но нема спасител,+
кон Јехова викаат за помош, но тој не ги услишува.+
43 Ги здробувам како земјен прав,
ги газам и ги гмечам
како улична кал.+
44 Ти ме избавуваш од приговарањето на мојот народ,+
ме штитиш како поглавар на народите.+
Народ, кој не го познавав, ми служи.+
45 Туѓинци подложно доаѓаат кај мене,+
ми се покоруваат и ме слушаат.+
46 Туѓинците венеат,
треперејќи излегуваат од своите тврдини.+
47 Жив е Јехова!+ Нека е благословена мојата Карпа+
и нека е возвишен Бог, карпата на моето спасение!+
48 Вистинскиот Бог ми дава одмазда+
и ми ги покорува народите,+
49 ме избавува од моите непријатели.+
Над сите што се креваат против мене ти ме подигаш,+
од насилен човек ме избавуваш.+
50 Затоа те фалам меѓу народите,+ о Јехова,
со песна го славам твоето име,+
51 тебе, кој му даваш големи победи на својот цар+
и му покажуваш милост на својот помазаник+ —
на Давид и на неговото потомство довека“.+