5. Мојсеева
2 Потоа свртивме и тргнавме кон пустината по Црвеноморскиот пат, како што ми кажа Јехова,+ и долго време патувавме околу планината Сеир. 2 На крајот, Јехова ми рече: 3 ‚Доста патувавте околу оваа планина.+ Свртете кон север. 4 Вака заповедај му на народот: „Сега ќе поминете покрај границата на своите браќа,+ синовите на Исав,+ кои живеат во Сеир.+ Тие ќе се плашат од вас,+ но вие бидете многу внимателни. 5 Не впуштајте се во борба со нив, зашто нема да ви дадам од нивната земја ни колку што е широко едно стапало, зашто на Исав му ја дадов како посед планината Сеир.+ 6 Јадете ја храната што од нив ќе ја купите за пари, и пијте ја водата што од нив ќе ја купите за пари.+ 7 Зашто, Јехова, твојот Бог, те благослови во секое дело на твоите раце.+ Тој добро знае како патуваше низ оваа голема пустина.* Овие четириесет+ години Јехова, твојот Бог, беше со тебе. Ништо не ти недостасуваше“ ‘.+ 8 Така отидовме откај своите браќа, синовите на Исав,+ кои живеат во Сеир, и од патот што води до Араба,+ од Елат и Есион-Гавер.+
Потоа се свртивме и тргнавме по патот преку моавската пустина.+ 9 И Јехова ми рече: ‚Не вознемирувај ги Моавците и не тргнувај во војна против нив, зашто нема да ти дадам ништо од нивната земја, бидејќи Ар+ им го дадов на синовите на Лот.+ 10 (Порано таму живееја Емимците,+ народ моќен, броен и со висок раст како Енаковците.+ 11 И на Рефаимците+ се гледаше како да се Енаковци,+ а Моавците ги викаа Емимци. 12 Во Сеир порано живееја Хорејците,+ но синовите на Исав+ ги истераа од имотот, ги истребија од пред себе и се населија на нивното место,+ исто како што ќе направи Израел со земјата што му припаѓа, која ќе му ја даде Јехова.) 13 А сега станете и преминете ја долината* на Заред‘. И така ја преминавме долината на Заред.+ 14 Нашето патување од Кадис-Варни до преминувањето на долината на Заред траеше триесет и осум години. Дотогаш во логорот изумре целото поколение од мажи способни за војна, како што им се заколна Јехова.+ 15 А уште и Јеховината рака+ беше на нив и не им даваше мир сѐ додека не изумреа и не исчезнаа од логорот.+
16 А кога изумреа во народот сите мажи способни за војна,+ 17 Јехова ми рече: 18 ‚Денес го преминуваш подрачјето на Моав, односно Ар,+ 19 и ќе им се приближиш на синовите на Амон. Не вознемирувај ги и не тргнувај во војна против нив, зашто нема да ти дадам да поседуваш ништо од земјата на синовите на Амон, бидејќи им ја дадов на синовите на Лот.+ 20 И таа се сметаше за земја на Рефаимците.+ (Порано во неа живееја Рефаимците, а Амонците ги нарекуваа Замзуми. 21 Тоа беше народ моќен, многуброен и со висок раст како Енаковците.+ И Јехова ги истреби+ од пред нив за да можат да ја земат нивната земја и да се населат на нивното место, 22 како што направи и за синовите на Исав, кои живеат во Сеир,+ кога од пред нив ги истреби Хорејците+ за да го земат нивниот посед и да се населат на нивното место каде што живеат до ден-денес. 23 А Авимците,+ кои живееја во местата дури до Газа,+ беа истребени од Кафторците,+ кои дојдоа од Кафтор,+ за да се населат на нивното место.)
24 Станете, тргнете и преминете ја долината на Арнон!+ Еве, ти го давам в раце Сихон,+ царот на Есевон, Амореецот. Почни да ја освојуваш неговата земја, тргни во војна против него! 25 Од денес под целото небо ќе почнам да ширам страв и трепет пред тебе меѓу народите кои ќе чујат глас за тебе, така што ќе се вознемират и, поради тебе, ќе ги обземат болки слични на родилните‘.+
26 Потоа од пустината Кедимот+ испратив гласници кај Сихон,+ царот на Есевон, со мирољубиви зборови:+ 27 ‚Пушти ме да поминам низ твојата земја. Ќе одам само по патот. Нема да скршнувам ни надесно ни налево.+ 28 Ќе ја јадам храната што ќе ми ја продадеш за пари и ќе ја пијам водата што ќе ми ја дадеш за пари. Само пушти ме да поминам пеш,+ 29 како што ме пуштија синовите на Исав што живеат во Сеир+ и Моавците+ што живеат во Ар, додека да поминам преку Јордан во земјата што ни ја дава Јехова, нашиот Бог‘.+ 30 Но Сихон, царот на Есевон, не нѐ пушти да поминеме преку неговата земја, зашто Јехова, твојот Бог, допушти да стане* тврдокорен+ и срцето да му закорави, за да ти го предаде в раце, како што се гледа денес.+
31 Тогаш Јехова ми рече: ‚Еве, почнав да ти ги предавам Сихон и неговата земја. Почни да ја освојуваш неговата земја‘.+ 32 Кога Сихон излезе пред нас, тој и целиот негов народ, за да почне битка кај Јаса,+ 33 Јехова, нашиот Бог, ни го предаде,+ така што ги поразивме него,+ неговите синови и целиот негов народ. 34 Тогаш ги освоивме и ги уништивме* сите негови градови+ и ги убивме мажите, жените и децата. Никого не оставивме жив. 35 Само стоката ја зедовме за себе како плен, заедно со пленот од градовите што ги освоивме.+ 36 Од Ароир,+ кој се наоѓа покрај долината на Арнон, и од градот што е во таа долина, па дури до Галад немаше град чиишто ѕидишта беа превисоки за нас.+ Јехова, нашиот Бог, ни ги предаде сите. 37 Единствено не ѝ се приближивме на земјата на Амоновите синови,+ по должината на целата долина на Јавок,+ ниту се приближивме до градовите на планините, ниту до нешто друго кое Јехова, нашиот Бог, ни го забрани.