Проповедник
6 Има едно зло што го видов под сонцето и често го има меѓу луѓето: 2 на некој човек вистинскиот Бог му дава богатство и имот и чест,+ и на душата негова не ѝ недостасува ништо од она по кое копнее,+ а сепак вистинскиот Бог не му дава да го јаде тоа,+ туку го јаде некој туѓинец.+ Тоа е суета и тешка болест. 3 Човек и да има сто деца,+ и да живее многу години, и да се многубројни деновите на животот негов,+ ако душата негова не се насити со добра+ и нема ни гроб,+ тогаш морам да кажам дека мртвороденчето е подобро од него.+ 4 Зашто, она што залудно се родило, залудно заминува во темнината, и името ќе му биде покриено со темнина.+ 5 Сонцето ниту го видело ниту го запознало.+ Но помирно е од оној што проживеал многу години.+ 6 Таквиот и да живее двапати по илјада години, ако не вкуси од добрата+ — зар не одат сите на исто место?+
7 Сиот труд на човекот е само за да си го наполни стомакот,+ но душата негова не може да се насити. 8 Зашто, во што е мудриот подобар од безумниот?+ Што има страдалникот од тоа што знае како да се однесува меѓу луѓето? 9 Подобро е да гледаш со очите отколку да се поведуваш по желбите на душата.+ И тоа е суета и трчање по ветар.+
10 Што и да постои, веќе е наречено со свое име, и се знае што е човекот.+ Тој не може да се суди со оние што се помоќни од него.+
11 Бидејќи има многу нешта што ја зголемуваат суетата,+ каква корист има од тоа човекот? 12 Зашто, кој знае што е добро за човекот во животот,+ во сите дни на суетниот живот негов, кога дните му поминуваат како сенка?+ И кој ќе му каже на човекот што ќе се случи по него под сонцето?+