На управителот, за једутун. Асафов+ псалм. Песна.
77 Со својот глас ќе повикам кон Бог,+
со својот глас ќе повикам кон Бог, и тој ќе го приклони увото кон мене.+
2 Во денот на својата неволја го барам Јехова.+
Ноќе ја подавам раката, и не се уморувам,
мојата душа не сака да се утеши.+
3 Ќе се сетам на Бог, и ќе ме обземе немир,+
ќе се замислам, и ќе премалам со духот.+ (Села)
4 Ти ги држиш моите трепки,+
вознемирен сум, не можам да зборувам.+
5 Размислував за дамнешните денови,+
за годините од древното минато.
6 Во ноќта ќе се сетам на музиката од моите жици,+
во своето срце ќе се замислам+
и мојот дух ќе размислува за сѐ.
7 Ќе нѐ отфрла ли Јехова довека+
и зар не може никогаш повеќе да му се угоди?+
8 Засекогаш ли згасна неговата милост?+
Зарем неговиот збор исчезна+ за сите идни поколенија?
9 Заборави ли Бог да биде милостив,+
ги скрати ли во гневот своите милосрдија?+ (Села)
10 Зар ќе речам: „Ова ме прободува:+
Севишниот ја повлече својата десница“?+
11 Ќе се сеќавам на делата што ги направи Јах.+
Да, ќе се сетам на твоите дамнешни чудесни дела.+
12 Длабоко ќе размислувам за сите твои дела,+
ќе се зафатам со твоите постапки.+
13 О Боже, твојот пат се наоѓа на светото место.+
Кој бог е толку велик како нашиот Бог?+
14 Ти си вистинскиот Бог, чудесни се твоите дела.+
Меѓу народите ја објави својата сила.+
15 Со својата рака го избави својот народ,+
синовите на Јаков и на Јосиф. (Села)
16 Водите те видоа, Боже,
водите те видоа, и тешки болки ги обзедоа.+
И водните бездни се разбрануваа.+
17 Облаците громогласно излеаја вода,+
со татнеж се огласи наоблаченото небо.
И твоите стрели летаа на сите страни.+
18 Татнежот на твоите громови одекнуваше како колски тркала,+
молњи го осветлија копното,+
земјата се заниша и се затресе.+
19 Низ морето врвеше твојот пат,+
низ многу води поминуваше твојата патека,
и твоите траги не се познаваа.
20 Својот народ го водеше како стадо,+
со раката на Мојсеј и на Арон.+