Псалми
На управителот. „Не погубувај!“ Давидов псалм. Миктам.* Кога Саул испрати луѓе да ја набљудуваат куќата на Давид за да го убијат.+
2 Избави ме од оние што прават зло+
и спаси ме од луѓето што се виновни за крв!
3 Зашто, еве, ја демнат мојата душа,+
силници ме напаѓаат,+
а јас, Јехова, не сум направил престап,* не сум направил грев.+
5 Ти си, о Јехова, Боже над војските, Бог на Израел.+
Разбуди се и погледни ги сите народи!+
Немој да му се смилуваш на ниту еден зол предавник.+ (Села)
10 Бог, кој ми покажува милост,* ќе ми дојде во пресрет,+
Бог ќе ми даде да ликувам над моите непријатели.+
11 Не погубувај ги, за да не заборави мојот народ.+
Со својата сила натерај ги да скитаат+
и собори ги, Јехова, штиту наш,+
12 поради гревот на нивната уста, поради зборот на нивните усни;+
и нека се фатат во својата гордост,+
зашто постојано ги повторуваат клетвите и измамите.
13 Уништи ги во гневот,+
уништи ги за да ги нема повеќе,
па нека знаат дека Бог владее во Јаков до краиштата на земјата.+ (Села)
14 И нека се вратат навечер,
нека лаат како кучиња и нека го обиколуваат целиот град.+