2. Самоилова
8 Потоа Давид ги нападна Филистејците+ и ги покори.+ Така Давид го зеде Метег-Ама од рацете на Филистејците.
2 Ги порази и Моавците+ и ги измери со јаже. Ги легна на земја, па измери две должини јаже од оние што требаше да бидат погубени и една должина јаже од оние што требаше да останат живи.+ Така Моавците му станаа слуги+ на Давид и му плаќаа данок.+
3 Давид го порази и Адад-Езер,+ синот на Рехов, царот на Сова,+ кога тој тргна повторно да ја воспостави својата власт на реката Еуфрат.+ 4 И Давид му зароби илјада седумстотини коњаници и дваесет илјади пешаци.+ На сите коњи впрегнати во бојни коли+ Давид им ги пресече жилите на нозете,+ а остави само сто коњи.
5 Кога Сиријците од Дамаск+ му дојдоа на помош на совскиот цар Адад-Езер, Давид уби дваесет и две илјади Сиријци.+ 6 Потоа Давид постави војска+ во Дамаск, во Сирија. И Сиријците му станаа слуги на Давид и му плаќаа данок.+ Јехова му помагаше на Давид каде и да одеше.+ 7 И Давид ги зеде тркалезните штитови+ од злато, кои ги носеа слугите на Адад-Езер, и ги донесе во Ерусалим. 8 Од Ветах* и од Верота, градови на Адад-Езер, цар Давид однесе многу бакар.+
9 А ематскиот+ цар Тој чу дека Давид ја поразил целата војска на Адад-Езер.+ 10 Затоа Тој го испрати својот син Јорам кај цар Давид за да го праша како е,+ а и да му честита што војувал против Адад-Езер и што го поразил, зашто Адад-Езер често војуваше со Тој. Јорам донесе предмети од сребро, од злато и од бакар.+ 11 И нив цар Давид му ги посвети на Јехова, како што го посвети среброто и златото што го беше зел од сите народи што ги покори,+ 12 од Сиријците, од Моавците,+ од синовите на Амон, од Филистејците,+ од Амаличаните+ и од пленот што го зеде од Адад-Езер, синот на Рехов, совскиот цар.+ 13 И Давид стекна слава кога се врати откако ги порази Едомците во Солената Долина+ — осумнаесет илјади луѓе.+ 14 И ја распореди својата војска во Едом.+ Војската ја распореди по целиот Едом, а сите Едомци му станаа слуги на Давид.+ Јехова му помагаше на Давид каде и да одеше тој.+
15 Така Давид царуваше над целиот Израел.+ На сиот свој народ Давид му судеше и му делеше правда.+ 16 Јоав,+ синот на Серуја, заповедаше со војската, а Јосафат,+ синот на Ахилуд, беше летописец. 17 Садок,+ синот на Ахитув, и Ахимелех,+ синот на Авијатар, беа свештеници, а Сераја беше писар. 18 Венај,+ синот на Јодај, им заповедаше на Херетејците+ и на Фелетејците,+ а синовите на Давид беа намесници.*+