2. Летописи
12 Кога Ровоам ја зацврсти својата царска власт и стана силен,+ го напушти Јеховиниот закон,+ а и целиот Израел со него.+ 2 А во петтата година од царувањето на Ровоам,+ египетскиот цар Сисак+ дојде против Ерусалим, поради тоа што му беа неверни на Јехова,+ 3 со илјада и двесте бојни коли+ и шеесет илјади коњаници, а на народот што дојде со него од Египет — на Либијците,+ Сухејците и Етиопјаните+ — им немаше број.+ 4 Ги освои утврдените градови во Јуда+ и дојде до Ерусалим.+
5 Тогаш пророкот Семаја+ дојде кај Ровоам и кај кнезовите на Јуда, кои се собраа во Ерусалим поради Сисак, и им рече: „Вака вели Јехова: ‚Вие ме оставивте мене,+ па и јас ве оставам вас+ и ве предавам во рацете на Сисак‘ “. 6 Тогаш кнезовите на Израел и царот се понизија+ и рекоа: „Јехова е праведен“.+ 7 Кога Јехова виде+ дека се понизија, на Семаја+ му дојде Јеховината реч: „Се понизија.+ Нема да ги сотрам, туку наскоро ќе ги избавам, и мојот гнев нема да се излее на Ерусалим преку Сисак.+ 8 Но ќе му бидат слуги+ за да видат што значи да ми се служи мене,+ а што на земните царства“.+
9 Така египетскиот цар Сисак+ дојде против Ерусалим и го зеде богатството од Јеховиниот дом+ и богатството од царскиот дворец,+ зеде сѐ. Ги зеде и златните штитови што ги беше направил Соломон.+ 10 Наместо нив, цар Ровоам направи бакарни штитови и им ги довери на заповедниците на телесната стража,*+ која стражареше на влезот во царскиот дворец, за да ги чуваат.+ 11 Секогаш кога царот одеше во Јеховиниот дом, телесните стражари доаѓаа и ги носеа, а потоа ги враќаа во стражарницата на телесната стража.+ 12 Затоа што се понизи, гневот на Јехова се одврати од него+ и не сакаше да ги сотре.+ А во народот на Јуда се најде и нешто добро.+
13 Цар Ровоам ја зацврстуваше својата власт во Ерусалим и продолжи да владее. Ровоам+ имаше четириесет и една година кога почна да владее и владееше седумнаесет години во Ерусалим, градот+ што Јехова го избра меѓу сите Израелови племиња за да престојува таму неговото име.+ Мајка му се викаше Наама+ и беше Амонка.+ 14 Но правеше зло,+ зашто во своето срце не реши цврсто да го бара Јехова.+
15 Историјата на Ровоам, од почетокот до крајот,+ зарем не е наведена како родословен запис во записите на пророкот Семаја+ и на јасновидецот Идо?+ А за сето време се водеше војна меѓу Ровоам+ и Јеровоам.+ 16 На крајот Ровоам почина кај своите прататковци+ и беше погребан во Давидовиот град.+ Наместо него почна да владее неговиот син Авија.*+