Захарија
4 И ангелот што зборуваше со мене се врати и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон.+ 2 И ме праша: „Што гледаш?“+
А јас одговорив: „Еве, гледам светилник, сиот од злато,+ а горе врз него има сад, а и седум светилки.+ Седумте светилки на неговиот врв имаат седум цевчиња. 3 И две маслинки се покрај него,+ едната од десната страна на садот, а другата од левата“.
4 Тогаш му се обратив на ангелот што зборуваше со мене и го прашав: „Што претставува ова, господару мој?“+ 5 Ангелот што зборуваше со мене ми одговори: „Зар не знаеш што претставува тоа?“
А јас му реков: „Не знам, господару“.+
6 Тогаш тој ми одговори: „Ова е Јеховината реч до Зоровавел: ‚„Не со воена сила,+ ниту со моќ,+ туку со мојот дух“,+ вели Јехова над војските. 7 Која си ти, голема планино?+ Пред Зоровавел+ ќе станеш рамница. И тој ќе го донесе завршниот камен+ со извици:+ „Убавина! Убавина!“ ‘ “+
8 И пак ми дојде Јеховината реч: 9 „Рацете на Зоровавел го положија темелот на овој дом+ и истите тие ќе го довршат.+ И тогаш ќе знаеш дека Јехова над војските ме испрати кај вас.+ 10 Зашто, кој го презре денот на скромните почетоци?+ Народот, а и седумте очи ќе се израдуваат+ кога ќе го видат висулецот во рацете на Зоровавел. Овие седум очи се очите на Јехова.+ Тие ја пребаруваат целата земја“.+
11 А јас проговорив и го прашав: „Што претставуваат овие две маслинки од десната и од левата страна на светилникот?“+ 12 Проговорив и по втор пат и го прашав: „Што претставуваат гранките на овие две маслинки од кои, низ две златни цевки, се излева златна течност?“
13 А тој ми рече: „Зар не знаеш што претставува тоа?“
Одговорив: „Не знам, господару“.+
14 Тогаш тој рече: „Тоа се двајцата помазаници+ што стојат покрај Господарот на целата земја“.+