На управителот. Давидова песна.
19 Небесата ја објавуваат Божјата слава,+
небесниот свод зборува за делата на неговите раце.+
2 Секој ден зборува за тоа,+
секоја ноќ открива знаење.+
3 Тука нема говор, тука нема зборови,
од нив глас не се слуша.+
4 По целата земја го растегнале своето мерно јаже+
и нивните зборови отидоа до крајот на светот.+
На небесата Бог му поставил шатор на сонцето,+
5 и тоа излегува како младоженец од својата свадбена одаја,+
се радува како јунак што трча по патот.+
6 Од едниот крај на небото тргнува,
а на другиот крај го довршува своето кружење,+
и ништо не е скриено од неговата топлина.+
7 Јеховиниот закон+ е совршен,+ ја крепи душата.+
Опомената+ од Јехова е веродостојна,+ му дава мудрост на неискусниот.+
8 Јеховините наредби+ се исправни,+ го веселат срцето,+
Јеховината заповед+ е чиста,+ им дава сјај на очите.+
9 Стравот+ од Јехова е чист, останува засекогаш.
Јеховините пресуди+ се сушта вистина,+ сосема се праведни.+
10 Треба да ги посакуваш повеќе отколку злато, повеќе отколку куп суво злато,+
послатки се од медот,+ од медот што тече од саќето.+
11 Тие го опоменуваат твојот слуга.+
Тој што се држи за нив, прима голема награда.+
12 Но кој ќе ги препознае своите грешки?+
Исчисти ме од гревовите за кои не сум свесен.+
13 И од вообразени постапки чувај го својот слуга,+
не дозволувај да овладеат со мене.+
Тогаш ќе бидам целосно оддаден+
и ќе останам чист од многу престапи.
14 Зборовите на мојата уста и размислувањето на моето срце+
нека ти бидат пријатни, о Јехова, Карпо моја+ и Откупителу мој.+