Јов
39 Знаеш ли кога им е времето на планинските кози да се окозат+ по карпите?
Набљудуваш ли кога срните во болки ги раѓаат младенчињата?+
2 Ги броиш ли месеците* додека носат
и знаеш ли кога е времето да се породат?
3 Се свиткуваат тогаш кога ги раѓаат младенчињата,
кога се ослободуваат од болките.
4 Младенчињата зајакнуваат, растат во полето,
заминуваат и не се враќаат кај нив.
5 Кој ја пуштил зебрата+ на слобода
и кој му ја разврзал врвката на дивото магаре,
6 чија куќа ја подигнав во пустелијата,
и чие живеалиште го подигнав во солениот крај?+
10 Ќе го врзеш ли со јажиња дивиот бик за бразда
и ќе сака ли да ги браносува+ нивите по тебе?
11 Ќе имаш ли доверба во него затоа што му е голема силата
и ќе му ја препуштиш ли својата работа?
12 Ќе имаш ли доверба во него дека ќе ти го собере житото
и дека ќе ти го дотера на гумно?
13 Мавта ли женката на нојот радосно со крилјата
и има ли таа пердуви за летање и други пердуви какви што има штркот?+
14 На земја ги остава јајцата,
во правот ги грее,
15 и заборава дека може нечија нога да ги здроби
или некоја полска ѕверка да ги згази.
16 Со своите пилци постапува немилосрдно, како да не се нејзини.+
Залуден ќе биде нејзиниот труд ако не трепери над нив.
18 А кога ќе замавне високо со крилјата,
му се смее на коњот и на неговиот јавач.
19 Можеш ли да му дадеш сила на коњот?+
Можеш ли да му го облечеш вратот со лелеава грива?
20 Можеш ли да направиш да скока како скакулец?
Застрашувачко е неговото горделиво фучење.+
23 Над него ѕвечи тулот,
сечилото на копјето и на сулицата.
24 Со топот, полн со немир, тој ги голта пространствата,
и од радост не може да поверува дека го слуша звукот на рогот.
25 Штом ќе се огласи рогот, тој за’ржува: ‚Иха!‘
Оддалеку ги намирисува битката,
викањето на заповедниците и воените извици.+
26 Зар поради твојата мудрост се вивнува соколот во височина
и ги шири крилјата кон јужниот ветар?