Давидов миктам.
16 Чувај ме Боже, зашто ти си ми прибежиште.+
2 Му реков на Јехова: „Ти си Јехова — мојата доброта не ти користи тебе,+
3 туку им користи на светите што се на земјата.
Во нив, славните, е сета моја радост“.+
4 Им се множат болките на оние што, кога ќе се појави некој друг, трчаат по него.+
Нивните крвни жртви налевници+ јас нема да ги излевам
и нивните имиња на моите усни нема да ги носам.+
5 Јехова е дел од наследството мое+ и од чашата моја.+
Ти цврсто го држиш моето наследство.
6 Добив прекрасно наследство.+
Мил ми е мојот посед.
7 Ќе го благословувам Јехова, кој ме советува.+
Ноќе ме опоменуваат моите бубрези.+
8 Постојано го имам Јехова пред себе.+
Тој ми е оддесно, затоа нема да се затетеравам.+
9 Затоа се радува моето срце и се весели мојата душа.+
А телото мое ќе почива спокојно.+
10 Зашто, нема да ја оставиш мојата душа во гробот.+
Нема да дозволиш твојот лојален слуга да ја види јамата.+
11 Ќе ми дадеш да го запознаам патот на животот.+
Твоето лице ќе ме насити со радост,+
а во твојата десница е вечното блаженство.+