Псалми
Давидова молитва.
17 Чуј го, Јехова, она што е праведно, слушни го моето преколнување,+
отвори го увото за молитвата од моите усни на кои нема измама.+
3 Испитај го моето срце, прегледај го ноќе,+
пречисти ме — ќе видиш дека не смислував зло.+
Мојата уста нема да згреши.+
4 А за човечките дела велам:
според зборовите на твоите усни се чувам од разбојничките патишта.+
6 Те повикувам, зашто ќе ме услишиш, о Боже.+
Приклони го кон мене своето уво! Чуј ги моите зборови!+
7 Направи прекрасни дела поради твојата милост,*+ ти кој ги спасуваш оние што бараат прибежиште
од луѓе кои се бунат против твојата десница.+
8 Чувај ме како зеницата на окото,+
скриј ме во сенката на своите крилја+
9 од злите што ме ограбија.
Ме опколуваат непријателите на мојата душа.+
10 Го затворија своето бесчувствително срце,*+
зборуваат надмено со својата уста;+
11 И сега, ги опколуваат нашите чекори,+
ги вперуваат очите за да нѐ соборат на земја.+
12 Секој од нив е сличен на лав кој сака да го раскине пленот+
и на млад лав кој седи скриен.
13 Стани, Јехова, спротивстави му се в лице,+
принуди го да се поклони, со својот меч+ избави ја мојата душа од злиот,
14 од луѓето избави ме со својата рака, Јехова,+
од луѓето на овој век,+ на кои им се важни само желбите на овој живот+
и на кои им го полниш стомакот со своето скриено богатство,+
кои имаат мноштво синови+
и го чуваат за своите деца она што ќе им преостане.+