2. Самоилова
5 По некое време сите Израелови племиња дојдоа кај Давид+ во Хеврон+ и му рекоа: „Еве, ние сме твоја коска и твое месо.+ 2 И порано,+ додека Саул уште беше цар над нас, ти го водеше Израел во воени походи.+ Јехова ти рече: ‚Ти ќе му бидеш пастир+ на мојот народ Израел и ти ќе му бидеш водач+ на Израел‘ “. 3 Така сите старешини+ на Израел дојдоа кај царот во Хеврон, и цар Давид склучи со нив сојуз+ во Хеврон пред Јехова. Потоа го помазаа+ Давид за цар на Израел.+
4 Давид имаше триесет години кога стана цар, а царуваше четириесет години.+ 5 Во Хеврон царуваше над Јуда седум години и шест месеци,+ а во Ерусалим+ царуваше над целиот Израел и над Јуда триесет и три години. 6 И царот со своите луѓе тргна против Ерусалим, против Евусејците,+ кои живееја во таа земја. А тие му порачаа на Давид: „Нема да влезеш ваму! Слепите и куците ќе те истераат!“+ Со тоа сакаа да кажат: „Давид нема да влезе ваму“. 7 Но Давид сепак ја освои тврдината Сион,+ односно Давидовиот град.+ 8 И во тој ден Давид рече: „Кој ќе тргне во напад на Евусејците,+ нека помине низ тунелот за вода+ и нека ги нападне тие куци и слепи, кои ги мрази душата на Давид!“ Затоа се вели: „Слепите и куците нека не влегуваат во домот!“ 9 И Давид се насели во тврдината, која го доби името Давидов град. Тогаш Давид почна да подига градби секаде наоколу, од Мило*+ кон внатрешноста. 10 И Давид стануваше сѐ посилен,+ а Јехова, Богот над војските,+ беше со него.+
11 А Хирам,+ тирскиот цар, испрати гласници+ кај Давид, а со нив и кедрово дрво,+ дрводелци и ѕидари што работеа со камен, и тие почнаа да градат дворец за Давид.+ 12 И Давид сфати дека Јехова го утврди за цар на Израел+ и дека го возвиши+ неговото царство заради својот народ Израел.+
13 По доаѓањето од Хеврон, Давид зеде уште наложници*+ и жени+ од Ерусалим. Така на Давид му се родија уште синови и ќерки. 14 Ова се имињата на оние што му се родија во Ерусалим: Самуј,+ Совав,+ Натан,+ Соломон,+ 15 Евар, Елисуа,+ Нефег,+ Јафија,+ 16 Елисама,+ Елијад и Елифелет.+
17 Филистејците чуја дека Давид е помазан за цар на Израел,+ па сите излегоа да го бараат Давид. Кога чу за тоа, Давид отиде на скришно место.+ 18 А Филистејците дојдоа и почнаа да талкаат по рефаимската долина.+ 19 И Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да ги нападнам Филистејците? Ќе ги предадеш ли во мои раце?“ А Јехова му одговори на Давид: „Оди, зашто ќе ги предадам Филистејците во твои раце!“+ 20 Тогаш Давид дојде во Ваал-Ферасим+ и таму ги погуби, па рече: „Јехова продре пред мене низ редовите на моите непријатели+ како што вода продира низ насип“. Затоа местото го нарече Ваал-Ферасим.*+ 21 А Филистејците ги оставија таму своите идоли,+ така што Давид и неговите луѓе ги однесоа.+
22 По некое време, Филистејците пак дојдоа+ и почнаа да талкаат по рефаимската долина.+ 23 Тогаш Давид пак побара совет+ од Јехова, а тој му одговори: „Немој да одиш пред нив, туку појди им од зад грб, па удри на нив од онаа страна каде што има грмушки бака.*+ 24 Кога ќе чуеш топот на чекори во врвовите на грмушките бака, веднаш тргни решително,+ зашто тогаш Јехова ќе оди пред тебе за да ја погуби филистејската војска!“+ 25 И Давид направи како што му заповеда Јехова+ и ги погуби+ Филистејците од Гева*+ дури до Гезер.+