Песна 105
Поздрави го Јеховиниот Првороден!
1. Поздрави го ти Синот
— Првородениот!
Тој наследник на Бог е,
со сета послушност.
На небо и на Земја,
со Него создал сѐ.
Ко гласник Божји служи,
Бог да е прославен.
2. Во Божји облик беше,
но не копнееше
противнички тој рамен
на Татка си да е.
А понизно се симна
и стана човек тој;
на слава Божја дури
го даде животот.
3. Го возвиши Јехова
до себе Синот свој.
Ко застапник Му служи;
го слави Името.
Штом дојде Армагедон,
ќе биде заштитник,
а злите луѓе тогаш
ќе се уништени.
4. Поздрави го ти Синот
и власта негова!
Објави им на сите:
Глеј, Христос царува.
Поучувај со пример
што бара Бог од нас.
Дај поттик да го примат
и да се поклонат.