Предговор
ЛУЃЕТО секој ден се соочуваат со етички одлуки во врска со здравјето: пресадување органи, абортус, „право на смрт“. Се надеваме дека никогаш нема да се соочиш со такви проблеми.
Сепак, постои едно спорно прашање што го бара твоето внимание: Како може крвта да се употреби за да спаси живот?
Со добра причина, многумина сега прашуваат: ‚Колку е сигурна трансфузијата на крв?‘ Но, тоа е повеќе од само медицинско спорно прашање. Медиумите често известувале за Јеховините сведоци во врска со ова. Дали си се прашувал зошто овие морални луѓе, кои веруваат во добро лечење, одбиваат да прифатат крв?
Како што ќе видиш, медицинските и моралните аспекти на употребата на крвта директно влијаат врз тоа како можеш да го спасиш својот најскапоцен посед: ЖИВОТОТ.