Четврти дел
Радосно очекувај го Јеховиниот ден
Преку своите пророци Јехова предупредил што ќе се случи во иднина — ќе го излее својот гнев. Но, не треба да мислиме дека Јехова е гневлив Бог. Тој ‚му се радува на својот народ весело извикувајќи‘. Додека го очекуваме неговиот голем ден, имаме многу причини ‚да се радуваме и да се веселиме од сѐ срце‘ (Софонија 3:14, 17). Како ќе се види тоа од нашите постапки и ставови? И зошто можеме да бидеме благодарни за поуките што ги добиваме од книгите на 12-те пророци?