4. ДЕЛ
Училиште и врсници
Дали мака мачиш за да добиеш преодна оценка по некои предмети?
□ Да
□ Не
Дали некогаш си бил малтретиран или сексуално вознемируван на училиште?
□ Да
□ Не
Дали понекогаш си на искушение да им се придружиш на врсниците во нешто неисправно?
□ Да
□ Не
Можеби си мислиш: ‚Ако го преживеам училиштето, ќе преживеам сѐ!‘ Ова мислење донекаде е вистина. На крајот на краиштата, она што ти се случува на училиште е тест за твојата ментална, емоционална и духовна сила. Како да добиеш добро образование а да не се затруеш од безбожните ставови на некои од твоите врсници? Поглавја 13-17 ќе ти помогнат да ги стекнеш потребните вештини.
[Слика на целата страница 112 и 113]