Песна 77
Да простуваме
Печатено издание
1. Љубезно Јехова да ни прости одлучил.
За да нема смрт и болка, својот Син го испратил.
А за секој што се кае и што жали искрено,
Исус принел скапа жртва да му биде простено.
2. Бог ќе има кон нас таква милост голема
ако искрено и спремно секој од нас простува.
Ако сочувство сме полни, не ќе замеруваме.
Ако љубовта нѐ води, ќе се почитуваме.
3. Милоста е доблест, наша силна заштита
од лутината и гневот и од горка омраза.
Пример најголем Јехова нам ни дал со љубовта.
Тој што има таква љубов, како него простува.
(Види и Мат. 6:12; Еф. 4:32; Кол. 3:13.)