ПЕСНА 64
Радосно да учествуваме во жетвата
Печатено издание
1. Во време на жетва сме денес,
да жнееме имаме чест.
Пченицата веќе е зрела,
и спремни за работа сме.
Наш најголем пример е Исус,
на полето предводи тој.
Со голема радост го следиме
и вредно собираме род.
2. Вистинската љубов нѐ тера
со итност да правиме сѐ,
за секој за веста да чуе —
пред крај веќе жетвата е.
Јехова соработник наш е,
и радосни затоа сме.
До крајот со ревност да жнееме,
благословот обилен е.
(Види и Мат. 24:13; 1. Кор. 3:9; 2. Тим. 4:2.)