Дали треба да се верува во Тројство?
Јан Бојн, кој пишува за религиозни теми за весникот The Sunday Gleaner од Јамајка, неодамна говорел за една брошура што ја издале Јеховините сведоци. Следуваат некои извадоци:
”Сведоците заслужуваат ’десетка‘ за оваа документација, која иако е пишувана толку лесно што може да ја разбере и еден тинејџер, навистина е опфатена со цитати од угледни научници и извори. . . . Објавувањето на брошурата Дали треба да се верува во Тројство? е мајсторско дело на Сведоците, и сега ниту еден тринитаријанец — или бинитаријанец — повеќе не е сигурен. Во брошурата се наведени многу цитати од историски и теолошки дела, за да се покаже дека науката за Тројството не е библиска наука. На пример, како меродавно дело се цитира Encyclopedia of Religion, во која читаме: ’Теолозите се единствени во тоа дека ни Новиот Завет не содржи јасна наука за Тројството.‘“
Јан Бојн исто така заклучува: ”За мене кој пишувам за религијата, е тешко да си замислам како просечниот - или дури и натпросечниот — посетител на црквата би можел да ги побие силните и изразити аргументи од Сведоците против гледиштата дека Исус е Бог.“
Ако сакате да добиете примерок од оваа брошура, Ве молиме пополнете го купонот и испратете ни го.
[Извори на слики на страница 32]
Musée du Louvre, Париз
Museo Egizio, Торино
Musée des Beaux-Arts de Troyes
Museo Bardini, Фиренца
Musée du Louvre, Париз