Гарантирана безбедноста на храната на светот — преку што?
„НАШИТЕ најдобри напори можеби не се доволни за да се задржи сигурност на храната каква што ја познававме во поголемиот дел од овој век“ — тврди Лестер Браун, претседател на Worldwatch Институтот во Вашингтон (Д. К.). Според списанието New Scientist, на почетокот од 1995 година светските резерви од жито спаднале на досега најниско ниво од 255 милиони тони — доволно светот да се храни само 48 дена. Во претходните години, кога резервите се спуштија под границата од 60 дена, залихата беше во можност да се опорави. Но, сега Worldwatch е несигурен во поглед на способноста на Земјата да ги поврати своите загуби.
По три години слаби жетви и со сѐ повеќе земји во развој кои користат жито како храна за стоката, има помалку жито на располагање за сиромашните на кои им е потребно како основна храна. New Scientist предупредува дека, ако на ситуацијата не ѝ се посвети непосредно внимание, една милијарда луѓе кои трошат најмалку 70 отсто од својот приход за храна, би можеле да почнат да гладуваат.
Библијата прорекла дека жителите на Земјата во нашево време ќе доживеат „глад“ (Лука 21:11). Сепак, Бог не е рамнодушен спрема проблемот. Всушност, неговата грижа за човековата неволја конечно ќе биде покажана кога неговото Царство ќе преземе контрола над земните работи. Во тоа време, ‚земјата ќе го даде својот плод‘. „Ќе има изобилие од жито на Земјата; на врвот од горите ќе има преобилност“ (Псалм 66:6; 72:16, НС). Тогаш ќе се исполнат следниве пророчки зборови во врска со Творецот: „Ти ја посетуваш земјата, ја напојуваш . . . долините се китат со плодови [со жито, НС]“ (Псалм 64:9, 13).
Дали ова прекрасно ветување Ве привлекува? Дали би сакале да дознаете како можете да бидете дел од него? Тогаш, следниот пат кога на Вашата врата ќе Ве посетат Јеховини сведоци, замолете ги да Ви кажат нешто повеќе за овој ветен Рај. Ако би сакале некој да дојде во Вашиот дом за да води бесплатна библиска студија со Вас, молиме пишете на адреса: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса од страница 2.
[Извор на слика на страница 32]
Попратна слика: Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.