Оддалечен и мал остров
НАЈЧЕСТО користени придавки за да се опише островот Св. Елена се „оддалечен“ и „мал“. Тие се соодветни, зашто овој остров, кој е долг 17 километри и широк 10 километри, е оддалечен 1.950 километри од најблиското копно, југозападниот брег на Африка. Тука Наполеон Бонапарта бил испратен во 1815 за да ги проживее своите последни години како поразен изгнаник.
Гледано од океанот, островот изгледа како импресивна тврдина. Тој е всушност еден изгаснат вулкан кој стрмо се издига од Атлантикот, со остри гребени кои достигнуваат висина од 500 до 700 метри. Во неговиот центар, планината Актеон, висока 818 метри, доминира над целиот остров. Поради свежиот јужноатлантски пасатен ветар и океанската струја, обично островот има блага и пријатна клима. Но, од ниско положеното крајбрежје до внатрешноста на планината постои голема разноликост во временските услови и вегетацијата.
Св. Елена станал британска сопственост од крајот на 17 век. Малобројното население од околу 5.000 жители е мешавина на луѓе со европско, азиско и африканско потекло. На островот се зборува англиски јазик, но со карактеристичен акцент. Таму нема аеродром; единствена врска со надворешниот свет е со брод, со редовна линија до Јужна Африка и Англија. Всушност, преносот на телевизија стана возможен дури во средината на 1990-тите, благодарение на сателитскиот приклучок.
Добрата вест за Божјето Царство првпат стигна на овие брегови во почетокот на 1930-тите (Матеј 24:14). Низ годините многу островјани го зграпчија ова богатство кое го прави материјалното богатство безначајно (Матеј 6:19, 20). Денес Св. Елена се радува на една одлика, а тоа е што соодносот Сведоци—население изнесува 1 спрема 31 — најдобриот сооднос во светот!
[Карти на страница 24]
(Види во публикацијата)
Св. Елена
ЏЕЈМСТАУН
Левелвуд
АФРИКА
АТЛАНТСКИ ОКЕАН
Св. Елена