Дали си разборит?
ПРИ наименувањето судии над Израел, Мојсеј настојувал да најде „умни [разборити, NW], искусни и угледни луѓе“ (Второзаконие 1:13). Искуството, кое доаѓало со годините, не било единствен критериум. Мудроста и разборитоста биле исто така важни.
Разборитото лице покажува добро просудување во говорот и во однесувањето. Според Webster’s Ninth New Collegiate Dictionary разборитото лице е и „способно мудро да молчи“. Да, има „време за зборување“ и има „време за молчење“, и разборитото лице ја сфаќа разликата (Проповедник 3:7). Честопати постои добра причина да се молчи, зашто Библијата вели: „Изобилство зборови не бидува без грев, а кој го воздржува својот јазик, разумен е [постапува разборито, NW]“ (Пословици 10:19).
Христијаните внимаваат да бидат разборити во своите меѓусебни постапки. Оној кој зборува најчесто или најсилно не е секогаш најважниот или незаменливиот. Сети се, Мојсеј бил „силен во своите зборови“, но не можел делотворно да ја води нацијата Израел сѐ додека не стекнал стрпливост, кротост и самосовладување (Дела 7:22). Според тоа, оние на кои им е доверен авторитет над другите мора особено да настојуваат да бидат скромни и да покажуваат дух на попуштање (Пословици 11:2, NW).
Оние на кои Исус Христос им го доверил „целиот свој имот“ се опишани во Божјата реч како ‚верни и разборити‘ (Матеј 24:45—47). Тие не се истрчуваат нескромно пред Јехова по некој импулсивен каприц; ниту, пак, заостануваат кога Божјето упатство за некоја работа е јасно. Знаат кога е време да се зборува и кога е време молчешкум да се чека на понатамошно разјаснување. Сите христијани прават добро не само ако ја имитираат нивната вера туку и ако се покажат разборити, каква што е класата на робот (Евреите 13:7).