Како можеш да го преживееш крајот на овој свет?
БИБЛИЈАТА го опишува крајот на сегашниов систем на работи како ‚ден на гнев, ден на тешкотии и неволји, ден на ужас и запустување, ден на мрак и наоблаченост, ден на темнина и маглишта‘ (Софонија 1:15). Сигурно дека ова не е ден што ти обично со нетрпение би го очекувал! Сепак, апостол Петар ги опоменал сохристијаните да ‚очекуваат и цврсто да ја држат во мислите присутноста на Јеховиниот ден, преку кој небесата ќе се распаднат во оган и елементите ќе се растопат од силна вжареност! Но, според неговото ветување очекуваме нови небеса и нова земја, и во нив ќе престојува праведност‘ (2. Петрово 3:12, 13).
Овде Петар не зборувал за уништување на дословните небеса и земја. „Небесата“ и ‚земјата‘ на кои укажувал Петар во овој контекст се симбол на денешните корумпирани човечки влади и на безбожното човечко општество. „Јеховиниот ден“ (NW) нема да ја уништи самата Земја туку ќе „ги истреби грешниците од неа“ (Исаија 13:9). Затоа, за оние што „тажат и плачат заради гнасностите“ што се прават во денешното злобно човечко општество, Јеховиниот ден ќе биде ден на спасение (Езекиел 9:4).
Тогаш, како може некој да биде спасен во „големиот Јеховин ден што влева страв“? „Словото Господово“ откриено на еден од неговите пророци го дава одговорот на тоа прашање: „Сите што го повикуваат Господовото име [името на Јехова, NW] ќе бидат спасени“ (Јоил 1:1; 3:4, 5). На Јеховините сведоци ќе им биде драго да ти помогнат да научиш што значи да се повикува името на Јехова.