Покана за едно специјално предавање
Можеш да се чувствуваш сигурен во овој немирен свет!
Ова библиско предавање ќе се одржи во преку 230 земји во светот. На повеќето места, предавањето ќе се одржи во недела, на 15 април 2007 год. Што ќе дознаеш од него? На пример, следново:
Зошто милијарди луѓе низ целиот свет се чувствуваат несигурни?
Кога особено исчезнало чувството на сигурност?
Каде и како може да најдеме вистинска сигурност?
Одговорите на овие прашања ќе ги дознаеш ако присуствуваш на ова важно библиско предавање што ќе се одржи на десетици илјади локации. Најчесто, тоа ќе се одржи во Салите на Царството на Јеховините сведоци. Слободно прашајте ги Сведоците во вашето место кога и каде ќе се одржи. Срдечно ве покануваме да присуствувате на ова навремено и охрабрувачко библиско предавање.