Задржи ја рекреацијата на исправно место
1 Во овие тешки времиња, одвреме навреме на сите ни треба промена во темпото. Одредена мера рекреација е на место. Меѓутоа, премногу време потрошено на рекреација, забава и дружење може да го улулка човекот и тој да почне да минува сѐ помалку време во духовни активности. Мора да ја задржиме рекреацијата на исправно место (Мат. 5:3). Како е можно ова? Со следење на советот што се наоѓа во Ефешаните 5:15—17.
2 Постави си граници: Павле напишал дека христијаните треба ‚строго да пазат‘ на тоа колку мудро живеат. Потребни се умереност и самоконтрола за да ја ограничиме рекреацијата на она што навистина е потребно. Добро е сериозно да размислиме за начинот на кој го користиме нашето слободно време. Рекреацијата треба да послужи за корисна цел наместо да нѐ натера да чувствуваме дека сме го потрошиле времето или дека сме истоштени. Ако се чувствуваме празни, незадоволни и донекаде виновни откако сме учествувале во некоја активност, тоа би било показател дека треба да направиме измени во начинот на кој го користиме времето.
3 Биди разумен: Павле дал совет ‚да го откупиме поволното време‘ за поважните работи во животот, да не станеме „неразумни“. Предадените христијани не можат да дозволат нивниот живот да биде сосредоточен на рекреација. Иако одморот и разонодата можат да нѐ освежат физички, изворот на духовна енергија е Божјата активна сила (Иса. 40:29—31). Ние го добиваме неговиот дух во поврзаност со теократските активности — проучување на Библијата, присуство на собраниските состаноци, учеството во службата на теренот — а не преку рекреација.
4 Постави си приоритети: Павле ги поучил христијаните ‚и понатаму да согледуваат која е Јеховината волја‘. Исус поучувал дека нашите активности треба да се сосредоточуваат на Божјето Царство како наш приоритет во животот (Мат. 6:33). Неопходно е прво да го правиме она што ќе ни овозможи да живееме во склад со нашето предание на Јехова. Тогаш, рекреацијата може да ја задржиме на исправното место. Ако направиме така, тоа ќе влијае добро врз нас и уште повеќе ќе уживаме во неа (Проп. 5:12).