Користи ја книгата Обожавај го Бог за да водиш библиски студии
Книгата Обожавај го единствениот вистински Бог е наменета да им помогне на поновите да напредуваат во вистината и да го зголемат своето ценење за Јехова и неговата организација. Таа може да се користи со библиските студенти како втора книга за проучување. Во Наша служба за Царството од јуни 2000, на 4. страница, беше објаснето: „Ако е очигледно дека некој напредува, иако бавно, и дека стекнува ценење за она што го учи, тогаш продолжи ја библиската студија со втора книга откако ќе се заврши брошурата Бара и книгата Спознание . . . Во сите случаи, најпрво ќе се проучи брошурата Бара и книгата Спознание. Библиската студија, повторните посети и времето што е потрошено за да се продолжи со студијата треба да се пресметаат и да се известат, дури и ако студентот се крсти пред да ја заврши втората книга“.
Кој друг може да извлече корист од библиска студија со книгата Обожавај го Бог? Истата таа статија продолжува: „Ако познаваш некои кои порано ја проучувале [брошурата Бара] книгата Спознание но не напредувале до предание и крштавање, можеби ќе сакаш да преземеш иницијатива за да видиш дали ќе сакаат повторно да ја почнат својата библиска студија“. Да направиме посебен напор со таквите лица да почнеме студија со книгата Обожавај го Бог во текот на март и април.