Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 август 2008 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 7 јули до 25 август 2008 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Како ќе покажеме разумност додека им ја пренесуваме вистината на другите? (Фил. 4:5) [be стр. 251, пас. 3].
2. Како би можел примерот на Павле, кога разговарал со Грците на Ареопагот, да ни помогне кога им сведочиме на оние што не ја признаваат Библијата како авторитет? (Дела 17:22, 23) [be стр. 252, пас. 1, 2].
3. Како ќе покажеме разумност кога разговараме со некого дури и кога сме уверени дека не е во право? [be стр. 253, пас. 1, 2].
4. Иако се трудиме да зборуваме уверливо, што треба сепак да имаме на ум? [be стр. 255, пас. 3, рамка].
5. Како ни помага проникливоста да допреме до срцето на слушателот? (Изр. 20:5) [be од стр. 258, пас. 1, до стр. 259, пас. 1].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Што треба сестрите да земат предвид кога во задачата им е зададена и рамка? [be стр. 44, пас. 5, 6].
7. Каква цел треба да имаат браќата кога изнесуваат избрани стихови од читањето на Библијата? (Неем. 8:8) [be стр. 47, пас. 2, 3].
8. Како треба браќата да се подготвуваат за некоја точка на Состанокот за нашата служба во која треба да се вклучи приказ или интервју? [be стр. 49, пас. 5].
9. Како книгата Дела на апостолите покажува на кој начин и во колкав обем треба да се сведочи? (Дела 20:20, 21; 28:23) [si стр. 204, пас. 35].
10. Што треба говорникот да стори за неговиот говор да се темели на Библијата? (Дела 17:2, 3) [be од стр. 52, пас. 6, до стр. 53, пас. 2].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Што учиме од постапката на Павле, која е опишана во Дела 16:3? [w 1.12.03 стр. 20, пас 5-7].
12. Како влијаело прогонството врз Аристарх и Гај? (Дела 19:29; 20:4, 5) [w 15.2.08 стр. 10, пас. 16, 17].
13. Што значело тоа што Савле ‚му се противел на остенот‘? (Дела 26:14) [w 1.10.03, стр. 32].
14. Како гревот ‚нашол упориште во заповедта‘ што Бог им ја дал на Израелците? (Рим. 7:8, 11) [w 15.6.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од Посланието до Римјаните“].
15. Како ‚натрупуваме жив жар врз главата‘ на непријателот? (Рим. 12:20) [w 15.6.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од Посланието до Римјаните“].