Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во август
„Речиси нема човек што не се помолил некогаш во животот. Дури и атеисти се молат кога им е тешко. Што мислите, дали Бог ги слуша сите молитви?“ Почекај да одговори. Покажи му ја статијата на последната страница од Стражарска кула од 1 август и разгледајте го заедно текстот под првото прашање и барем еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Забелешка: Овој приказ треба да се изнесе на состанокот за проповедање што ќе се одржи на 3 август.
Стражарска кула 1 август
„Многу луѓе се загрижени поради сѐ поголемата раширеност на порнографијата. Но има и такви што сметаат дека таа е само безопасна разонода. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Исус рекол дека можеме да одредиме дали нешто е добро или не по плодовите што ги дава. [Прочитај Матеј 7:17.] Во ова списание се разгледани плодовите што ги дава порнографијата. Во него се дадени и практични совети за тоа како човек да престане да гледа порнографија.“
Разбудете се! август
„Сите би сакале да живееме што е можно подолго. Мислите ли дека напредокот во медицината ќе овозможи еден ден да живееме вечно? [Почекај да одговори.] Видете какво ветување е дадено овде. [Прочитај 1. Коринќаните 15:26.] Но, како Бог ќе го оствари ова — преку науката или на некој друг начин? И зошто старееме и умираме? Во ова списание ќе прочитате каков одговор дава Библијата на овие прашања.“