ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 25
„Бдејте!“
Иако Исус им ја упатил споредбата за десетте девици на помазаниците, поуката од оваа споредба се однесува на сите христијани (w15 15/3 стр. 12-16). „Бдејте, зашто не го знаете ниту денот ниту часот“ (Мт 25:13). Можеш ли да ја објасниш оваа споредба?
Младоженецот (стих 1) — Исус
Разборитите девици (стих 2) — помазани христијани кои верно си ги извршуваат своите задачи и кои ќе светат како светлоносци сѐ до крајот (Фп 2:15)
Повикот: „Еве го младоженецот!“ (стих 6) — доказите што покажуваат дека живееме во времето на Христовата присутност
Глупавите девици (стих 8) — помазани христијани што излегуваат да го пречекаат младоженецот, но не остануваат будни и верни на Бог
Разборитите девици одбиваат да им дадат од своето масло на глупавите (стих 9) — По конечното запечатување, верните помазаници веќе нема да можат да им помогнат на оние што му свртиле грб на Јехова
„Стигна младоженецот“ (стих 10) — Исус доаѓа да изврши осуда пред самиот крај на големата неволја
Разборитите девици влегуваат со младоженецот на свадбата, и вратата се затвора (стих 10) — Исус ги собира верните помазаници на небото, а на неверните им се одзема таа можност