СВЕТ ВО ХАОС
1 | Чувај си го здравјето
ЗОШТО Е ВАЖНО
Кога ќе дојде до некоја криза или ќе се случи некоја несреќа, тоа може да се одрази врз здравјето на луѓето.
Тешките ситуации ги ставаат луѓето под стрес, а долготрајниот стрес може да доведе до здравствени проблеми.
Во вонредни ситуации здравствениот систем може да биде оптоварен и поради тоа потешко да се дојде до соодветно лекување.
Во кризни ситуации луѓето страдаат во финансиски поглед и тешко им е да ги обезбедат основните работи, како што се храна и здравствена грижа.
Што треба да знаеш
Поради сериозните болести и стресот, би можел да носиш лоши одлуки кои штетно ќе влијаат врз твоето здравје.
Ако ги занемаруваш здравствените проблеми, состојбата може само да ти се влоши, па дури и да си го доведеш животот во опасност.
Колку подобро здравје имаш толку полесно ќе носиш добри одлуки во случај на криза.
Без разлика каква ти е економската состојба, можеш да преземеш нешто за да си го заштитиш здравјето.
Што можеш да преземеш уште сега
Секогаш кога е можно, еден мудар човек размислува за можните опасности и презема мерки за да ги избегне. Ова важи и во поглед на здравјето. Обично има помали шанси да се заразиш или барем да поминеш со полесни симптоми ако одржуваш добра хигиена. Впрочем, подобро е да се спречи отколку да се лечи.
„Затоа што одржуваме добра лична хигиена и хигиена во домот, се поштедуваме од дополнителни здравствени трошоци“ (Андреас).a
a Некои имиња во ова списание се сменети.