Песна 118
Да го поддржуваме Божјиот дом
1. Со ревност ти оди в Божјиот дом,
запоставен не се остава тој.
Големото име на Богот наш
ќе пребива таму, вечно, без крај!
Неемиин пример да следиме
со „десеток“ да покажеме чест.
Го љубиме Бога со срце цело,
му служиме верно и радосни сме.
(Рефрен)
2. Семејството Божје в единство е,
внимание Божје има во сѐ.
,Управител‘ Негов верен му е,
па затоа таму мир владее.
Во Божјиот дом да даваме сѐ,
„првините“ наши му носат чест.
А тој, пак, ни дава благослов голем,
ни дава и радост Бог нам секој ден.
(РЕФРЕН)
Во домот Божји дојдете
за да го обожаваме.
Домаќинство сме негово,
и меѓу нас ќе е вечно тој.