Песна 180
Божјата сопствена книга — богатство
1. Знај, има една многу вредна книга,
за сите луѓе носи радост, мир.
Нејзините се мисли многу моќни,
за „мртви“ — живот, а за „слепи“ — вид.
А таа света книга Реч е Божја,
пред многу години напишана
од луѓе што го љубеле Јехова;
со духот свет е инспирирана.
2. За Божји творби таа нам ни збори,
што преку Божја моќ настанале;
за човекот што совршен го создал;
за рајот што е после изгубен;
за ангелот непријател што станал, се
спротивил на Божја правдина;
за спорот кој е виновен за злото
и за победата Јеховина.
3. Живееме во среќно време денес;
се роди Царството Јеховино.
Ден Господов на слобода е тоа,
за сите подложни во потполност.
А Речта Божја носи среќни вести,
што повредни се од богатството;
ни нуди надеж која не се мери,
Реч поскапоцена ни немало.