ПЕСНА 158
Ќе дојде навреме!
1. Земја чудесна
створи ти за нас,
исткаена е
од рака стрплива.
Сѐ се менува,
Татко, не и ти.
Ќе обновиш сѐ,
но стрплив сега си.
(РЕФРЕН)
Со вера гледаме
подобар, убав свет.
Стрпливо го чекаме.
Како изгрејсонце,
ќе дојде навреме.
Ќе блесне ко сончев зрак
во правиот час.
2. Мртвите од сон
ќе се разбудат.
И ти копнееш
да бидат живи пак.
Ќе ги видиме,
верно чекаме.
Ти стрпливост дај
ни да истраеме.
(РЕФРЕН)
Со вера гледаме
подобар, убав свет.
Стрпливо го чекаме.
Како изгрејсонце,
ќе дојде навреме.
Ќе блесне ко сончев зрак
во правиот час.
3. Бараш стрпливо
срца искрени.
Јехова, во нив
ти влеваш надеж, мир.
Татко, со тебе
в ова дело сме
и ревносни сме,
со тебе блиски сме.
(РЕФРЕН)
Со вера гледаме
подобар, убав свет.
Стрпливо го чекаме.
Како изгрејсонце,
ќе дојде навреме.
Ќе блесне ко сончев зрак
во правиот час.
Ќе дојде тој навреме!
(Види и Кол. 1:11.)