ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wcg стр. 4-7
  • Можеш да бидеш сѐ похрабар!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш да бидеш сѐ похрабар!
  • Храбро оди со Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ти можеш да бидеш храбар како Исус
  • Како може Библијата да ни помогне да стануваме сѐ похрабри
  • „Биди храбар... и почни да градиш“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Бидете смели!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • „Еве... лавот од Јудиното племе“
    „Појди по мене!“
  • „Биди храбар и многу силен“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Храбро оди со Бог
wcg стр. 4-7

ВОВЕД

Можеш да бидеш сѐ похрабар!

Печатено издание
Печатено издание

1-3. Како од зборовите на Исус: „Станете, да одиме!“ се гледа дека бил храбар?

„СТАНЕТЕ, да одиме!“ Ова се веројатно најхрабрите зборови што некој човек некогаш ги изговорил. Можеби се прашуваш: Како од нив се гледа дека оној што ги кажал бил храбар? Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме ако разгледаме кој ги кажал овие зборови и зошто (Мат. 26:46).

Исус во градината Гетсиманија стрпливо чека да биде уапсен.

„Станете, да одиме!“ (Мат. 26:46).

2 Овие зборови им ги кажал Исус Христос на своите верни следбеници. Истите зборови им ги имал кажано и претходно (Јован 14:31). Но, овој пат ситуацијата била многу поразлична. Тој бил во една градина која се наоѓала на еден рид надвор од Ерусалим. Било доцна во ноќта и месечината го осветлувала небото. Исус знаел дека една вооружена толпа се приближува, и знаел што има намера да направи со него. Пред него стоел најтешкиот испит што некој човек некогаш го доживеал. И, знаел дека низ тие тешкотии ќе помине сам.

3 Исус не се обидел да ја избегне опасноста со која ќе требало да се соочи. Иако можел да побара моќни ангели да го заштитат, не го направил тоа (Мат. 26:53). Тој едноставно кажал: „Станете, да одиме!“ Каде тргнал Исус? Право кон опасноста. Бил спремен да се соочи со мачење и смрт. Зошто бил спремен на тоа? Затоа што го сакал својот Татко и ги сакал своите следбеници.

4-5. Што значи да бидеме храбри како Исус, и зошто ни е потребна таква храброст?

4 Без сомнение, Исус Христос бил најхрабриот човек што некогаш живеел. Дали и ти си негов следбеник? Тогаш и ти си храбар! Вистинските христијани мора да бидат храбри. Живееме во тешки и опасни времиња. Затоа, оваа особина ни е потребна повеќе од кога и да било порано.

5 Што значи некој да биде храбар како што бил Исус? Вистинската храброст не значи некој да не се плаши од ништо, да презема непотребни ризици или да си мисли дека ништо не може да му наштети. Ниту, пак, значи некој да се однесува насилно за да докаже дека е јак (Пс. 11:5). Напротив, христијанската храброст е еден вид внатрешна сила. Тоа е силата што нѐ тера да одиме напред и да го правиме она што е исправно во Божји очи, без разлика колку тоа може да ни изгледа тешко или застрашувачки.

Ти можеш да бидеш храбар како Исус

6. Како може да нѐ утешат зборовите што Исус им ги кажал на учениците ако мислиме дека не сме доволно храбри?

6 Можеби се прашуваш дали би можел да бидеш храбар како Исус кога ќе се најдеш пред некое искушение. Ако да, не заборавај, Исус е разумен. Исто како својот Татко, Исус никогаш не очекува од нас повеќе од што можеме да поднесеме (Пс. 103:14; Јован 14:9). На пример, ноќта во градината Гетсиманија, Исус побарал од апостолите да останат будни заедно со него. Но, тие заспале, и тоа го разочарало. Сепак, тој љубезно им рекол: „Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“ (Мат. 26:41). Исус имал разбирање за нивните слабости, а има разбирање и за твоите.

7-8. Како Исус покажал доверба во своите следбеници?

7 Исто така, Исус покажал доверба во своите следбеници. Замисли си колку биле утешени кога им рекол: „Бидете храбри, јас го победив светот!“ (Јован 16:33). Тој знаел дека тие ќе можат да ги следат неговите чекори, и тие го направиле тоа. И во други прилики, Исус ги кажал зборовите: „Биди храбар“. Му ги кажал на еден парализиран човек пред да го увери дека гревовите му се простени (Мат. 9:2). Ѝ ги кажал и на една жена откако ја излечил од нејзината мачна болест (Мат. 9:22). А им ги кажал и на своите ученици кога биле преплашени поради една бура (Мат. 14:27). И, од небото, му го кажал истото на апостол Павле откако група лути мажи му се заканувале дека ќе го убијат (Дела 23:9-11).

8 Може да се каже дека твојот храбар Цар ти го вели истото и тебе. Тој сака да бидеш храбар. И, тој знае дека можеш. Неговиот Татко, Јехова, ти дал сѐ што ти е потребно за да успееш во тоа.

Како може Библијата да ни помогне да стануваме сѐ похрабри

9. Како Божјата Реч ни влева храброст?

9 Од љубов кон нас, Јехова во својата Реч дал да се запишат многу примери кои може да ни влеваат сѐ поголема храброст. Таа е полна со вистински животни приказни за мажи и жени, млади и стари, од различни општествени слоеви. Без сомнение, сите тие, меѓу кои бил и пророкот Илија, имале „исти чувства како и ние“ (Јак. 5:17, фус.). И тие биле несовршени луѓе со свои слабости и ограничувања, а правеле и грешки. И, исто како нас, се соочиле со најразлични препреки, предизвици, па дури и опасности. Сепак, го победиле сето тоа исто како Исус. Тие биле храбри, и со својот пример нѐ храбрат до ден-денес.

10-11. Во што може да ти помогне оваа книга, и како можеш да ја користиш? (Види ја и рамката „Како да ја користиш оваа публикација за лично проучување и за Семејна вечер“.)

10 Целта на оваа книга е да ти помогне да си ја зголемиш храброста. Во следните 54 поглавја ќе видиш како Јехова им помогнал на несовршени луѓе како тебе да ја стекнат храброста што им била потребна. Затоа, прочитај ја секоја приказна. Потоа, копај подлабоко и истражи нешто повеќе за секоја личност. Додека го правиш тоа, сѐ подобро ќе ги запознаваш овие мажи и жени.

11 Нивниот пример нека ти помогне да бидеш уште похрабар за да истраеш во овие тешки последни денови (2. Тим. 3:1). Секој ден да го имаме на ум Јеховиното уверување: „Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам“. Како што напишал Павле, овие зборови можат да ни помогнат да бидеме „исполнети со храброст“ и да речеме: „Јехова е мојот помошник, нема да се плашам“ (Евр. 13:5, 6).

Како да ја користиш оваа публикација за лично проучување и за Семејна вечер

  • Прочитај ја приказната (1), прочитај го библискиот извештај (2) и длабоко размисли за прашањата за дискусија (3).

  • Внимателно проучи ги сликите (4). Што учиме за луѓето на сликите, за предизвиците со кои се соочиле и за храброста што ја покажале?

    Слика од страници 28-29 од книгата, на која е прикажано каде може да се најдат обележјата што се означени со броевите 1-4.
  • Копај подлабоко (5) во извештајот така што ќе ги прочиташ дадените референци.

  • Размислувај за поуките (6) од извештајот, како ти би можел да ги примениш и кога би можел да ги користиш за да им помогнеш на другите.

  • Размислувај (7) за тоа како извештајот ти помага да имаш поголемо ценење за Јехова, неговата намера и нашата иднина.

  • Дознај повеќе (8) така што ќе ги прочиташ наведените статии и ќе ги гледаш видеоклиповите кои се поврзани со извештајот или со клучните поуки.

    Слика од страници 30-31 од книгата, на која е прикажано каде може да се најдат обележјата што се означени со броевите 5-8.

Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе, истражувај на jw.org за да најдеш други статии, видеоклипови или говори поврзани со библиската личност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели