Да се спаси животот со крв — како?
”Избери живот, (...) слушајќи го гласот негов [Божји] (...) зашто тој е твојот живот и должина на деновите твои“ (5. МОЈСЕЕВА 30:19, 20, ДК).
1. Како вистинските христијани се единствени во своето почитување на животот?
МНОГУ луѓе велат дека го почитуваат животот, а тоа го докажуваат со своите ставови во поглед на смртната казна, абортусот или ловот. Меѓутоа, вистинските христијани на посебен начин покажуваат почитување спрема животот. Псалм 36:9 (ДК) вели: ”Бидејќи во тебе [Боже] е изворот на животот“. Бидејќи животот е дар од Бог, христијаните го прифаќаат неговото гледиште за крвта.
2, 3. Зошто по прашањето на крвта би требало да го земеме во обѕир Бог? (Дела 17:25, 28).
2 Нашиот живот зависи од крвта која низ нашето тело носи кислород, го отстранува јаглеродниот диоксид, ни овозможува да се прилагодиме на промените на температурата и ни помага да се бориме пторив болестите. Оној кој ни го дал животот исто така го обликувал и ни го пружил чудесното живото-одржувачко течно ткиво наречено крв. Тоа го одразува неговото постојано интересирање за одржување на човечкиот живот (1. Мојсеева 45:5; 5. Мојсеева 28:66; 30:15, 16).
3 И христијаните и луѓето воопшто треба да се прашаат: ’Дали крвта може да го спаси мојот живот само со своите природни функции, или крвта може да го спаси животот на еден подалекусежен начин?‘ Иако повеќето луѓе ја разбираат врската помеѓу животот и природните функции на крвта, овде всушност, е вклучено многу повеќе. Етиката на христијаните, муслиманите и Евреите се сосредоточува на еден Дарител на животот кој јасно се изразил во врска со животот и крвта. Да, нашиот Творец има многу да каже во врска со крвта.
Божјиот цврст став за крвта
4. Што рекол Бог за крвта во најраната човечка историја?
4 Крвта се споменува повеќе од 400 пати во Божјата Реч, Библијата. Меѓу најраните укажувања е Јеховината наредба: ”Сѐ што живее и што се движи нека ви биде храна. (...) Но не смееш да јадеш месо кое уште ја има својата животна крв во себе.“ Додал: ”За вашата животна крв сигурно ќе барам сметка“ (1. Мојсеева 9:3-5, New International Version). Јехова тоа му го рекол на Ное, прататкото на човечкото семејство. Затоа на целото човештво му било дадено на знаење дека Творецот гледа на крвта како на живот. Според тоа, секој кој тврди дека го признава Бог како Дарител на животот треба да признае дека Тој зазема цврст став во поглед на употребата на крвта.
5. Која била главната причина зошто Израелците не смееле да земаат крв?
5 Бог повторно ја спомнал крвта кога на Израел му го дал кодексот на Законот. Според еврејскиот превод Tanakh, 3. Мојсеева 17:10, 11 гласи: ”Ако некој од домот Израелов или од туѓинците кои живеат меѓу нив јаде каква и да било крв, ќе го свртам своето лице против оној кој јаде крв, и ќе го отсечам од неговиот род. Зашто животот на телото е во крвта.“ Иако држењето на тој закон имало здравствени користи, во тоа било вклучено многу повеќе. Со тоа што крвта ја сметале за нешто посебно, Израелците можеле да покажат дека нивниот живот е зависен од Бог (5. Мојсеева 30:19, 20). Да, главната причина зошто не смееле да земаат крв, не била таа што тоа е нездраво, туку затоа што крвта има посебно значење пред Бог.
6. Зошто можеме да бидеме сигурни дека Исус го поддржувал Божјиот став за крвта?
6 Каде стои т.н. христијанство во поглед на спасувањето на човечкиот живот со крв? Исус знаел што рекол неговиот Татко за употребата на крвта. Исус ’не направил грев, ниту, пак, во Неговата уста се нашла измама‘. Тоа значи дека совршено го држел Законот, вклучувајќи го законот за крвта (1. Петрово 2:22). Со тоа поставил пример за своите следбеници, вклучувајќи го и примерот за почитување на животот и крвта.
7, 8. Како станало јасно дека Божјиот закон за крвта се однесува на христијаните?
7 Историјата ни покажува што се случило подоцна, кога советот на христијанското водечко тело одлучил дали христијаните треба да ги држат сите израелски закони. Под божествено водство, рекле дека христијаните не се обврзани да го држат Мојсеевиот кодекс, туку дека е ”потребно“ да се ’воздржуваат од она што е жртвувано на идоли и од крв и од удавено [неискрварено месо] и од блуд‘ (Дела на апостолите 15:22-29, NW). Со тоа јасно ставиле на знаење дека избегнувањето на крв е на исто морално ниво́ како и избегнувањето на идолопоклонство и тежок неморал.a
8 Првите христијани се придржувале на таа божествена заповед. Коментирајќи го тоа, британскиот научник Џосеф Бенсон рекол: ”Оваа забрана за јадење крв, која им била дадена на Ное и на целото негово потомство, и подоцна повторена на Израелците (...) никогаш не била поништена, туку напротив, била потврдена во Новиот завет, во Дела XV [15. поглавје]; и затоа претставува вечна обврска. Сепак, дали она што Библијата го кажува за крвта ја исклучува модерната медицинска употреба, како што е трансфузијата, која се разбира дека не била употребувана ниту во времето на Ное ниту во времето на апостолите?
Крв во лекот или како лек
9. Како се употребувала крвта во старо време во медицински цели, спротивно на кој христијански став?
9 Медицинската употреба на крв не е од нов датум. Книгата Тело и крв (Flesh and Blood) од писателката Риј Танахил, истакнува дека скоро 2 000 години во Египет и на други места ”крвта се сметала за многу ефикасен лек против лепрата“. Римјаните верувале дека епилепсијата може да се излекува со земање на човечка крв. Тертулијан напишал за оваа ”медицинска“ употреба на крвта: ”Погледнете ги оние кои на претставите во арената лакомо ја земаат свежата крв на изопачените злосторници (...) и ја носат за да ја излечат својата епилепсија.“ Тоа било во потполна спротивност со она што го правеле христијаните: ”Ние немаме дури ни крв од животни во своите оброци (...) На судењата на христијаните им нудите колбаси исполнети со крв. Се разбира, уверени сте дека тоа не им е допуштено.“ Забележи ја подлабоката смисла: Наместо да земаат крв, која го претставувала животот, првите христијани биле спремни да го ризикуваат животот. (Спореди 2. Самоилова 23:15-17.)
10, 11. Зошто може да се верува дека Божјето начело за крвта го исклучува прифаќањето на трансфундирана крв?
10 Се разбира, тогаш крвта не се трансфундирала, затоа што експериментите со трансфузија започнале дури во почетокот на 16. век. Сепак, во 17. век еден професор по анатомија на универзитетот во Копенхаген забележал: ’Оние кои се впуштаат во употреба на човечка крв за внатрешно лекување на болести се чини дека ја злоупотребуваат и прават тежок грев. Канибалите ги осудуваме. Зошто не се гнасиме од оние кои си го валкаат грлото со човечка крв? Слично е и со примањето на туѓа крв од исечена вена, било преку устата или преку инструментите за трансфузија. Оние кои ги вршат таквите операции ги држи во страв божествениот закон‘.
11 Да, дури и во минатите векови луѓето разбрале дека Божјиот закон забранувал да се зема крвта како преку вените така и преку устата. Таквото сфаќање може да им помогне на многу луѓе денес да го разберат ставот што го заземаат Јеховините сведоци, а кој е во склад со Божјето гледиште. Иако високо го вреднуваат животот и ја ценат медицинската нега, вистинските христијани го почитуваат животот како дар од Творецот и затоа не се обидуваат да го одржуваат со примање на крв (1. Самоилова 25:29).
Медицински животоспасувачка?
12. Што можат разумните луѓе да земат предвид во врска со трансфузијата на крв?
12 Со години стручњаците тврделе дека крвта спасува животи. Лекарите можат да укажат дека некои коишто изгубиле многу крв примиле трансфузија и им било многу подобро. Затоа луѓето можеби се прашуваат: ’Колку е мудро или немудро христијанското гледиште од медицинска страна? Пред да разгледува каква и да е сериозна медицинска постапка, разумниот човек ќе се запознае со можните предности и потенцијалните ризици. А што е со трансфузијата на крв? Факт е дека трансфузијата на крв изобилува со многу ризици. Тие можат да бидат дури и смртни.
13, 14. (а) Кои се некои од подрачјата на кои трансфузијата на крв се покажала опасна? (б) Како искуството со папата ги покажува опасностите по здравјето од примената на крв?
13 Неодамна лекарите Л. Т. Гуднаф и Џ. М. Шак забележале: ”Медицинското друштво долго време беше свесно дека додека залихата на крв е сигурна дотолку, доколку знаеме да ја направиме таква, трансфузијата на крв отсекогаш носела опасности. Најчестата компликација при трансфузија на крв и понатаму е нон-А и нон-Б хепатитис (НАНБХ); во другите можни компликации спаѓаат хепатитис Б, изоимунизација, реакции на трансфузија, недостаток на имунитет и презаситеност со железо.“ ’Внимателно‘ проценувајќи само една од овие сериозни опасности, извештајот додава: ”Се предвидува дека кај приближно 40 000 луѓе [само во САД] годишно ќе се развива НАНБХ, и дека до 10% од нив ќе добијат цироза и/или хепатом [рак на црниот дроб]“ (The American Journal of Surgery, јуни 1990).
14 Како што опасноста од добивање болести поврзани со трансфундираната крв станала сѐ повеќе позната, луѓето ги преиспитуваат своите гледишта за трансфузијата. На пример, кога беше извршен атентат врз папата во 1981, бил лекуван во болница и отпуштен. Подоцна повторно бил вратен и задржан два месеца. Неговата состојба била толку тешка што се чинело дека ќе мора да оди во пензија како инвалид. Зошто? Поради инфекција од цитомегаловирус од крвта која му била дадена. Некои можеби се прашуваат: ’Ако дури и крвта што му е дадена на папата е несигурна, тогаш каква е крвта која ни се дава нам, обичните луѓе?‘
15, 16. Зошто трансфузиите на крв не се безбедни иако крвта е испитана од болести?
15 ’Но, зарем не може крвта да се испита да нема болести?‘, би можел некој да праша. Да ја разгледаме пример проверката на хепатитис Б. Списанието Patient Care (од 28. февруари 1990) истакнало: ”Појавата на посттрансфузиски хепатитис опадна по рутинскиот преглед на крвта на хепатитис, но 5-10 % од случаите на посттрансфузиски хепатитис сѐ уште се предизвикани од хепатитис Б.“
16 Неточноста на таквите тестови се видела и во врска со уште една опасност која се добива по пат на крвта — СИДА-та. Пандемијата на СИДА во полна смисла на зборот ги освестила луѓето на опасноста од заразената крв. Вистина, сега постојат тестови за испитување на крвта дали содржи таков вирус. Меѓутоа, крвта не се испитува секаде. Се чини дека луѓето со години можат да го носат вирусот на СИДА во својата крв без да биде откриен преку сегашните тестови. Така пациентите можат да добијат СИДА — или веќе ја добиле — од крвта која била прегледана и го поминала тестот!
17. Како трансфузиите на крв нанесуваат штета која можеби не се гледа веднаш?
17 Докторите Гуднаф и Шак исто така го споменале ”недостатокот на имунитет“. Да, доказите покажуваат дека дури и потполно испитаната крв може да го оштети имунолошкиот систем на пациентот, отворајќи ја вратата за рак и смрт. Така една канадска студија за ”пациенти со рак на главата или грлото покажала дека оние кои добиле трансфузија на крв во текот на лекувањето на туморот, доживеале значително опаѓање на имунолошката состојба после тоа“ (The Medical Post, од 10. јули 1990). Лекарите од универзитетот во јужна Калифорнија изјавиле: ”Стапката на повторното појавување на сите видови на рак на грлото била 14% кај оние кои не примиле крв и 65% кај оние кои примиле. За рак на усната шуплина, ждрелото и носот или синусите, стапката на повторно појавување била 31% без трансфузија и 71% со трансфузија“ (Annals of Otology, Rhinology & Laryngology, март 1989). Се чини дека надостатокот на имунитет се должи и на фактот дека кај оние кои примаат крв во текот на операцијата, почесто се развиваат инфекции. (Види ја рамката на стр. 10.)
Дали постојат некакви замени за крвта?
18. (а) На што биле наведени лекарите поради опасностите поврзани со трансфузијата на крв? (б) На кои податоци во врска со замените би можел да му укажеш на својот лекар?
18 Некои можеби мислат: ’Трансфузиите носат ризик, но дали постојат некакви замени?‘ Ние сигурно сакаме делотворна медицинска нега со висок квалитет. Затоа, дали постојат правосилни и делотворни начини за решавање на сериозните медицински проблеми без употреба на крв? За среќа, постојат. Весникот The New England Journal of Medicine (7. јуни 1990) известил: ”Лекарите кои сѐ повеќе се свесни за опасностите на [од СИДА] и други инфекции кои се преносливи преку трансфузија, ги преиспитуваат опасностите и користите од трансфузиите и се свртуваат кон замените, а тука спаѓа и потполното избегнување на трансфузија.“b
19. Зошто можеш да бидеш уверен дека можеш да одбиеш крв, а сепак да бидеш успешно медицински лекуван?
19 Јеховините сведоци долго време одбивале трансфузија на крв, но не првенствено поради опасностите по здравјето, туку од послушност спрема Божјиот закон во врска со крвта (Дела 15:28, 29). Сепак, вештите лекари успешно се погрижиле за пациентите Сведоци без да употребуваат крв, со сите ризици кои таа ги носи со себе. Како еден од многуте примери за кои се известува во медицинската литература, списанието Хируршки архиви (Archives of Surgery, ноември 1990) ја разгледувало трансплантацијата на срце кај пациенти Сведоци чија совест дозволувала таква постапка без примена на крв. Извештајот вели: ”25-годишното искуство во изведување операции на срце кај Јеховини сведоци дојде до својата кулминација преку успешното пресадување на срце без примена на крвни производи (...) Немаше смртни случаи во болниците пред или после операцијата, а раните постоперативни студии покажаа дека овие пациенти не биле поосетливи на поголемо одбивање на графтот [пресадениот орган].“
Најскапоцената крв
20, 21. Зошто христијаните треба да бидат претпазливи да не развијат став ”Крвта е лош лек“?
20 Меѓутоа, постои едно длабоко прашање кое би требало да си го постави секој од нас. ’Зошто сум одлучил да не примам трансфузија на крв? Искрено речено, која е мојата првенствена, основна причина?‘
21 Споменавме дека постојат делотворни замени за крв со кои корисникот не се изложува на многубројните опасности поврзани со трансфузија. Опасностите како што се хепатитис или СИДА дури поттикнале многумина да одбијат крв од нерелигиозни причини. Некои се толку гласни во тоа, скоро како да маршираат под знамето ”Крвта е лош лек“. Можно е еден христијанин да биде вовлечен во тој марш. Но, тоа е марширање кое води во пропаст. Како тоа?
22. Кој реален поглед на животот и смртта мора да го имаме? (Проповедник 7:2).
22 Вистинските христијани сфаќаат дека дури и покрај најдобрата медицинска нега и во најдобрите болници, во еден момент сите луѓе умираат. Со или без трансфузија на крв, луѓето умираат. Ова не звучи фаталистички. Тоа е реалност. Смртта е факт на денешниот живот. Луѓето кои не го почитуваат Божјиот закон за крвта често доживуваат моментална или накнадна штета од крвта. Некои дури и умираат од трансфундираната крв. Сепак, сите ние мораме да сфатиме дека оние кои ќе ги преживеат трансфузиите не добиле бескраен живот. Значи, крвта не го спасува животот трајно. Од друга страна, повеќето од оние кои одбиваат крв од верски и/или медицински причини, но прифаќаат алтернативна медицинска терапија, преживуваат и добро се чувствуваат. Со тоа можат да го продолжат својот живот за многу години — но не бескрајно.
23. Како Божјиот закон за крвта се однесува на тоа што сме грешни и што ни е потребна откупнина?
23 Фактот дека денес сите луѓе се несовршени и дека постепено умираат, нѐ доведува до централното прашање за тоа што вели Библијата за крвта. Бог му рекол на целото човештво дека не смее да јаде крв. Зошто? Затоа што таа претставува живот (1. Мојсеева 9:3-6). Во кодексот на Законот тој поставил прописи, укажувајќи дека сите луѓе се грешни. Бог им рекол на Израелците дека со принесување на животински жртви можат да ја признаат потребата од покривање на нивните гревови (3. Мојсеева 4:4-7, 13-18, 22-30). Иако тоа не го бара од нас денес, крвта е сѐ уште важна. Бог имал намера да овозможи жртва која потполно може да ги помири гревовите на сите оние кои веруваат — откупнината (Матеј 20:28). Затоа треба да имаме Божје гледиште за крвта.
24. (а) Зошто би било погрешно на здравствените опасности да се гледа како на централна точка во поглед на крвта? (б) Која е главната суштина на нашиот став за употребата на крвта?
24 Би било погрешно да се сконцентрираме воглавно на здравствените ризици од лекувањето со крв, бидејќи Бог не се усредоточува на тоа. Израелците можеле да имаат здравствени користи со тоа што не земале крв, како што можеле да имаат корист ако не би јаделе свинско месо и месо од мршојадци (5. Мојсеева 12:15, 16; 14:7, 8, 11, 12). Сепак, сети се дека Бог, кога му одобрил на Ное да јаде месо, не му забранил да јаде месо од такви животни. Но објавил дека луѓето не смеат да јадат крв. Бог не се усредоточил главно на можните опасности по здравјето. Тоа не било основното значење на неговата објава во врска со крвта. Неговите обожаватели требало да одбијат да го подржуваат својот живот со крв, не првенствено поради тоа што е нездраво, туку затоа што е несвето. Тие не ја одбивале крвта затоа што е нечиста, туку затоа што е скапоцена. Можеле да добијат простување само преку жртвена крв.
25. Како може крвта трајно да го спаси животот?
25 Истото важи и за нас. Во Ефесјаните 1:7, апостол Павле објаснил: ”Во Кого [Христос] имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите по богатството на Неговата благодат.“ Ако Бог ги простува гревовите на некого и гледа на него како на праведник, таа личност има изглед за бескраен живот. Затоа, Исусовата откупна крв е во состојба да го спаси животот — трајно, односно вечно.
[Фусноти]
a Одлуката завршила со зборовите: ”Ако се пазите од ова, добро ќе направите. Бидете здрави!“ (Дела 15:29). Забелешката ”Бидете здрави“ не била ветување во смисла: ’Ако се воздржувате од крв или блуд, ќе имате подобро здравје.‘ Тоа било само заклучен поздрав во писмото, како што е ’Збогум‘.
b Прегледот на делотворни замени за крв се наоѓаат во брошурата Како ти крв може спасити живот?, издадена во 1990 од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.
Можеш ли да објасниш?
◻ Која е основната причина зошто Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв?
◻ Кој доказ потврдува дека библискиот став за крвта не е медицински неразумен?
◻ Како откупнината е поврзана со библискиот закон за крвта?
◻ Кој е единствениот начин на кој крвта може трајно да спаси животи?
[Рамка на страница 10]
ТРАНСФУЗИЈА И ИНФЕКЦИЈА
По опширниот преглед за тоа дали трансфузијата на крв може да го направи пациентот поосетлив на инфекција, др. Нил Блумберг заклучил: ”Од 12 клинички разгледани случаи [на тоа прашање], кај 10 е пронајдено дека трансфузијата е значајно и независно поврзана со зголемен ризик од бактериолошка инфекција (...) Покрај тоа, трансфузијата на подолго време пред операцијата може да влијае на отпорноста на пациентот на инфекција, доколку имунолошките ефекти од трансфузијата се толку долготрајни како што покажуваат некои разгледани случаи (...) Ако тие податоци можат да се прошират и потврдат, изгледа дека акутните постоперативни инфекции можат да бидат само највообичаена компликација поврзана со хомологната трансфузија.“ (Transfusion Medicine Reviews, октомври 1990).
[Слика на страница 8]
Зголемени црвени крвни клетки. ”Секој микролитар (0, 00165 грама) крв содржи од 4 до 6. милиони црвени крвни зрнца“ (”The World Book Encyclopedia“).
[Извор на слика]
Kunkel-CNRI/PHOTOTAKE NYC