Денот за сеќавање
„Овие работи ви ги кажав за преку мене да имате мир. Во светот имате неволја, но бидете храбри! Јас го победив светот“ (ЈОВАН 16:33, NW).
1, 2. Кој ден во историјата се издвојува од сите други денови, и зошто?
СВЕТОТ денес има многу да каже за мирот. На крајот од Втората светска војна, мирот се поврзувал со Денот на победата во Европа и Денот на победата над Јапонија. Секоја година, Божиќ ги наведува луѓето да размислуваат за ‚мир на земјата‘ (Лука 2:14). Но постои еден ден во целата човечка историја којшто се издвојува од сите други. Тоа е денот во кој Исус Христос ги изговорил горе цитираните зборови. Од два милиона и повеќе денови во кои човештвото постои овде на Земјава, тоа е единствениот ден којшто потполно го изменил текот на човештвото за негово вечно добро.
2 Тој значаен ден бил 14 низан според еврејскиот календар. Во 33 година од нашата ера, 14 низан започнал на зајдисонце на 1 април. Да ги разгледаме настаните на тој епохален ден.
14 низан!
3. Како Исус ги искористил тие последни часови?
3 Додека се спушта самрак, веројатно прекрасна полна месечина свети како потсетник дека Јехова ги одредува времињата и сезоните (Дела на апостолите 1:7). И што се случува во таа горна одаја кадешто Исус и неговите 12 апостоли се собрале да ја прослават еврејската годишна Пасха? Додека Исус се подготвува ‚да премине од овој свет кон Отецот, ги сака Своите до крајот‘ (Јован 13:1). Како го прави тоа? Со зборови и со пример, Исус продолжува да им всадува во своите ученици особини кои ќе им помогнат да го победат светот.
Облекување понизност и љубов
4. (а) Како Исус им покажал на своите ученици една основна особина? (б) Откаде знаеме дека Петар ја научил важноста на понизноста?
4 Апостолите уште треба да се ослободат од одредена мера на амбициозна љубомора и гордост. Затоа Исус се опашува со пешкир и им ги мие нозете. Тоа никако не е покажување на некаква подбивна понизност, каква што покажува секоја година во Рим, папата на т.н. христијанство. Секако не е! Вистинската понизност е давање на себе си што доаѓа од ‚понизност со која другите се сметаат за погорни‘ (Филипјаните 2:2-5). Отпрвин, Петар не ја сфаќа смислата и одбива да го пушти Исус да му ги измие нозете. Откако се поправа, го замолува Исус да му го измие целото тело (Јован 13:1-10). Сепак, Петар сигурно ја сфатил поуката. Со години подоцна, исправно ги советувал другите (1. Петрово 3:8, 9; 5:5). Колку е важно денес сите ние да робуваме за Христос во понизност! (Види и Приче Соломунове 22:4, ДК; Матеј 23:8-12).
5. Која Исусова заповед ја покажала важноста од една понатамошна клучна особина?
5 Еден од 12-мината не извлекува корист од Исусовиот совет. Тоа е Јуда Искариотски. Додека трае пасхалната вечера, Исус станува вознемирен во духот, го идентификува Јуда како свој предавник и го отпушта. Непосредно после тоа, Исус им кажува на своите 11 верни ученици: „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:34, 35). Тоа навистина е нова заповед, покажана со самиот ненадминлив пример на Исус! Додека се приближува часот за неговата жртвена смрт, Исус покажува извонредна љубов. Тој ја користи секоја скапоцена минута да ги поучува и охрабрува тие ученици. Подоцна, тој ја нагласува важноста на љубовта и вели: „Ова е Моја заповед; да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели“ (Јован 15:12, 13).
„Патот, вистината и животот“
6. Каква цел поставува Исус пред своите блиски ученици?
6 Исус им кажува на верните 11-мина: „Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене верувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, Јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место“ (Јован 14:1, 2). Тоа место ќе биде во „царството небесно“ (Матеј 7:21). Исус наведува како таа блиска група од лојални ученици можат да стигнат до својата цел. Тој вели: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене“ (Јован 14:6). Истото важи и за оние од човештвото кои добиваат бескраен живот на Земјата (Откровение 7:9, 10; 21:1-4).
7-9. Зошто Исус се опишува себе си како „патот, вистината и животот“?
7 Исус е „патот“. Единствениот пристап кон Бог во молитва е преку Исус Христос. Самиот Исус им гарантира на своите ученици дека Таткото ќе им даде сѐ што ќе побараат во Исусово име (Јован 15:16). Молитви кои се упатени до икони или религиозни „светци“, или кои се полни со Аве Марии и постојано повторување — Таткото не ја слуша и не ја прифаќа ниту една од нив (Матеј 6:5-8). Понатаму во врска со Исус, во Дела на св. апостоли 4:12 читаме: „Под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме“.
8 Исус е „вистината“. Апостол Јован за него рекол: „Речта постана тело и се насели меѓу нас, И ние ја посматравме неговата слава, славата која ја има како Единороденец од Отецот — полн со милост и вистина“ (Иван 1:14, Ст). Исус станувал вистина за стотици пророштва во Хебрејските списи со тоа што ги исполнувал (2. Коринтјаните 1:20; Откровение 19:10, NW). Ја објавувал вистината со тоа што разговарал со своите ученици и со мноштвата кои слушале, со тоа што дускутирал со лицемерното свештенство и со својот жив пример.
9 Исус е „животот“. Како Божји Син, Исус рекол: „Кој верува во Синот, има живот вечен; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него“ (Јован 3:36). Верата која се покажува во Исусовата жртва води до бескраен живот — бесмртен живот на небото за „мало стадо“ помазани христијани и живот вечен на рајска Земја за големо мноштво „други овци“ (Лука 12:32; 23:43, NW; Јован 10:16).
Поднесување прогонство
10. Зошто мораме да ‚го победиме светот‘, и какво охрабрување дал Исус во овој поглед?
10 Оние кои се надеваат да живеат во Јеховиниот нов систем мораат да се борат со свет кој „е (...) во власта на Злобниот“, Сатана, Ѓаволот (1. Иванова 5:19, Ст). Тогаш колку се охрабрувачки Исусовите зборови во Јован 15:17-19! Тој изјавува: „Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг. Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот — затоа светот и ве мрази“. Вистинските христијани биле омразени сѐ до сегашнава 1992 година, и како се радуваме со прекрасните примери на оние кои продолжуваат да стојат цврсти, понизно барајќи сила под моќната Божја рака! (1. Петрово 5:6-10). Сите ние можеме да истраеме во искушенија ако покажуваме вера во Исус, кој ја завршува својата дискусија со овие охрабрувачки зборови: „Во светот имате неволја, но бидете храбри! Јас го победив светот“ (Јован 16:33, NW).
Воведување нов сојуз
11. Што прорекол Јеремија во врска со нов сојуз?
11 Во текот на таа вечер, откако прославата на Пасхата се приближува кон крај, Исус зборува за еден нов сојуз. Пророкот Јеремија го прорекол тоа со векови однапред и рекол: „Еве настапуваат дни, вели Господ [Јехова, NW], и ќе склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет [сојуз, NW] (...) ќе го вложам Мојот закон во утробата нивна и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ. (...) ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам“ (Јеремија 31:31-34). На 14 низан 33 н.е., треба да се даде жртвата која го потврдува овој нов сојуз!
12. Како Исус воспоставил нов сојуз, и што тој сојуз постигнува?
12 Исус им кажува на верните 11-мина дека многу сакал да ја јаде оваа Пасха со нив. Потоа зема сомун, се заблагодарува, го прекршува и им го дава со зборовите: „Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“ На ист начин, им подава чаша со црвено вино и им вели: „Оваа чаша е Новиот завет [сојуз, NW] со Мојата крв, која се пролива за вас“ (Лука 22:15, 19, 20). Новиот сојуз станува делотворен преку Исусовата ‚скапоцена крв‘, која има далеку погоема вредност отколку животинската крв која се попрскувала за потврдување на Израеловиот Закон на сојузот! (1. Петрово 1:19; Евреите 9:13, 14). Оние кои се земаат во новиот сојуз уживаат потполно простување на гревовите. Според тоа, можат да ги исполнуваат условите да бидат дел од 144 000-те, кои добиваат бескрајно наследство како духовен Израел (Галатјаните 6:16; Евреите 9:15-18; 13:20; Откровение 14:1).
„За Мој спомен!“
13. (а) За што треба да размислуваме за време на Спомен свеченоста? (б) Само кој треба да земе од симболите, и зошто?
13 Годинава, 1 960-та годишна Спомен на Исусовата смрт паѓа на 17 април. Додека се приближува датумот, добро ќе сториме ако размислуваме за сѐ она што Исусовата совршена жртва го постигнува. Таа подготовка ја издигнува Јеховината мудрост и неговата длабока љубов кон човештвото. Исусовата беспрекорност без мана, дури до болна смрт, го оправдува Јехова од Сатаниното подбивање дека Неговата човечка творба е со мана и ќе попушти под искушение (Јов 1:8-11; Изреки 27:11). Со својата жртвена крв, Исус го посредува новиот сојуз, Јеховиното средство за избирање на „избран род, кралско свештенство, свет народ, народ одреден за Божја своина“. Додека сѐ уште се на Земјава, тие ‚ги разгласуваат славните дела‘ на нивниот Бог, Јехова, кој ‚ги повикал од темнината во својата прекрасна светлина‘ (1. Петрова 2:9, Ст; спореди 2. Мојсеева 19:5, 6). Исправно е што само тие земаат од симболите на Споменот секоја година.
14. Како се збогатени милионите набљудувачи?
14 На минатогодишниот Спомен, присуствуваа 10 650 158 ширум Земјата, но од нив само 8 850 — помалку од една десетина од еден процент зедоа од симболите. Тогаш од каква корист е оваа прослава за милионите набљудувачи? Од голема корист! Иако немаат удел, тие се духовно збогатени од тоа дружење со големото светско братство, а исто и кога слушаат за сите величествени работи кои Јехова ги постигнува преку жртвата на својот Син.
15. Како другите, покрај помазаните, имаат корист од Исусовата жртва?
15 Повеќе од тоа, апостолот нѐ известува во 1. Иванова 2:1, 2, (Ст): „Имаме заговорник кај Отецот: Исус Христос, праведникот. Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите туку за гревовите на целиот свет“. Да, Исусовата жртва, иако првенствено им користи на класата Јован која се зема во новиот сојуз, исто така овозможува простување на гревовите на „целиот свет“. Таа е „жртва помирница“ за гревовите на сите други од светот на човештвото кои покажуваат вера во Исусовата пролиена крв, која за нив го отвора радосниот изглед за вечен живот на рајска Земја (Матеј 20:28).
„Во Царството на мојот Татко“
16. (а) Што Исус и неговите сонаследници изгледа дека денес споделуваат? (б) Што се бара денес од помазаниот остаток како и од големото мноштво?
16 Исус и понатаму ги охрабрува своите апостоли и укажува на денот кога во симболична смисла повторно ќе го пие производот на виновата лоза со своите ученици во Царството на својот Татко (Матеј 26:29). Тој им кажува: „Вие сте, кои издржавте со Мене во Моите напасти, и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство, за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви колена“ (Лука 22:28-30). Откако Исус ја презел царската сила на небото во 1914, можеме да заклучиме дека поголемиот дел од Исусовите сонаследници, кои се собирале низ вековите, веќе воскреснале, за да ‚седат на престоли‘ со него (1. Солунјаните 4:15, 16). Брзо се приближува денот за ангелите да ги ослободат „четирите (...) ветрови“ на „големата неволја“! Доттогаш, запечатувањето на 144 000-те од духовниот Израел и собирањето на милионите од големото мноштво ќе биде завршено. Сите тие мораат да ја чуваат беспрекорноста, како што ја чувал Исус за да ја добијат наградата на бескраен живот (Откровение 2:10; 7:1-4, 9).
17 и рамката. (а) Кога некој помазаник би бил отфрлен како нелојален, кој логично би можел да го надомести? (б) Каква интересна светлина за изградувањето и подоцнежното ширење на теократската организација на Земјава даваат статиите од Стражарска кула од 1938?
17 Што ако некои од помазаниците не успеваат да бидат чувари на беспрекорноста? Во овој доцен час, бројот на таквите нелојални без сомнение ќе биде мал. Логично е дека секој надоместок ќе дојде не од новокрстените, туку од оние кои останале со Исус во неговите искушенија низ многу години верна служба. Брилијантните блесоци на духовна светлина кои дојдоа преку Стражарска кула во 1920-те и 1930-те укажуваат дека собирањето на остатокот од помазаници практично било завршено во текот на тој период. Оние кои ‚ги перат своите облеки и ги белат во крвта на Јагнето‘ имаат оттогаш поинаква радосна надеж. Преку Христос, Јеховиниот дух ги води до „извори на води на животот“ на Рајската Земја (Откровение 7:10, 14, 17, NW).
Многу сесрдна молитва
18. Кои силни поуки ги учиме од Исусовата молитва во Јован 17. поглавје?
18 Исус го заклучува собирот на Споменот со своите ученици со принесување на сесрдната молитва забележана во Јован 17:1-26. Прво се моли неговиот Татко да го прослави додека тој ја зачувува беспрекорноста до крајот. На тој начин и Јехова ќе биде прославен, неговото име ќе биде осветено — очистено од секаков срам. Зашто, совршениот човек навистина докажува дека човечка творба на Бог може да биде без мана, дури и под најсуровиот испит (5. Мојсеева 32:4, 5; Евреите 4:15). Понатаму, Исусовата жртвена смрт отвора величествена можност за Адамовото потомство. Исус вели: „Животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“. Колку е важно здобивање на точно спознание за Јехова Бог и неговиот Син, Јагнето Божје, кое го даде својот живот за Јеховино оправдување и за спасение на човештвото! (Јован 1:29; 1. Петрово 2:22-25). Дали ти ја цениш таа жртва со голема љубов до тој степен што целосно му се предаваш на Јехова и на неговата скапоцена служба?
19. Како можат остатокот и големото мноштво да се радуваат на скапоценото единство?
19 Исус понатаму го моли својот Свет Татко Тој да ги чува учениците додека докажуваат дека не се дел од светот, дека се држат за Неговата реч како вистина и задржуваат скапоцено единство со Таткото и Синот. Зарем таа молитва не е на прекрасен начин одговорена до денешен ден додека помазаниот остаток и големото мноштво заедно обединето служат во врски на љубов, додека се држат неутрални кон светот, кон неговото насилство и неговата злоба? Колку се скапоцени Исусовите завршни зборови до неговиот Татко, Јехова! „Твоето име сум го објавил и ќе објавувам“, рекол Исус, „за да љубовта со која мене ме љубеше биде во нив и јас во заедница со нив“ (Јован 17:14, 16, 26, NW).
20. Зошто е 14 низан 33 н.е. секако ден за сеќавање?
20 Исус оди во Гетсеманската градина, и понатаму накратко и изградувачки се дружи со своите ученици. Тогаш му доаѓаат неговите непријатели! Зборови не можат да ги опишат Исусовите агонии, неговата жалост која му го кине срцето поради срамот нанесен на Јехова, и неговата примерна беспрекорност низ сето тоа. Исус истрајува до крајот, во текот на ноќта и низ поголемиот дел од дневните часови на тој ден. Јасно покажува дека неговото Царство не е дел од светот. И со последниот здив, извикува: „Се сврши!“ (Јован 18:36, 37; 19:30, NW). Неговото победување на светот е завршено. Секако дека 14 низан 33 н.е. е ден за сеќавање!
Како би одговорил?
◻ Што учел Исус во врска со понизноста и љубовта?
◻ Како Исус постанал „патот, вистината и животот“?
◻ Која е целта на новиот сојуз?
◻ Какво единство и љубов делат помазаниот остаток и големото мноштво?
[Рамка на страница 20]
Мудроста на поголемиот Соломон
Статиите со наслов „Организација“ во изданието на Стражарска кула од 1 јуни и 15 јуни 1938 (на англиски) го воспоставија основното теократско уредување кое Јеховините сведоци го следат до денешен ден. Достигнаа врв на еден извонреден период на промени во науката и организацијата кои започнаа во 1919 (Исаија 60:17). Споредувајќи го тој 20 годишен период со 20-те години во кои Соломон го изградил храмот и царската куќа во Ерусалим, Стражарска кула наведе: „Библијата покажува дека, после дваесет годишната Соломонова програма на градење (...) тој се вклучил во програма на изградување на ниво на нацијата (3. Цар.[1. Цар.] 9:10, 17-23; 2. Лет. 8:1-10). Потоа дошла кралицата од Саба ‚од најдалечните краеви на земјата за да ја слушне мудроста Саломонова‘ (Мат. 12:42, Ст; 3. Цар. 10:1-10; 2. Лет. 9:1-9, 12). Тоа го наметнува прашањето: Што претстои во непосредната иднина за Јеховиниот народ на Земјата? Со целосна доверба ќе чекаме и ќе видиме“. Таа доверба не била на погрешно место. Под теократска организација, огромната програма на духовно изградување ширум светот собрала повеќе од четири милиони од големото мноштво. Како кралицата од Саба, тие дошле од најдалечните делови на Земјата за да ја слушнат мудроста на Поголемиот Соломон, Исус Христос — која до нив доаѓа преку „верниот и разумен роб“ (Матеј 24:45-47, NW).