Се сеќаваш ли?
Дали го ценеше тоа што можеше да ги читаш неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:
• За која законска победа, во која се работи за религијата, придонесе Сојузниот уставен суд на Германија?
Тој суд ја поништи негативната одлука на еден друг суд во врска со Јеховините сведоци и со нивното признание како јавно правно тело. Победничката одлука забележа дека во рамките на религиозната слобода некој би можел ‚повеќе да им биде послушен на начелата на верата‘ отколку на барањата на државата (15.8., страница 8).
• Колкав временски период траеле страдањата на Јов?
Книгата Јов не покажува дека страдал многу години. Страдањата на Јов и нивното разрешување можеби се случиле во рок од неколку месеци, можеби за помалку од една година (15.8., страница 31).
• Зошто можеме да бидеме сигурни дека Ѓаволот не е само суеверие?
Исус Христос знаел дека Ѓаволот е реален. Исус бил искушуван од реална личност, а не од некакво зло кое било внатре во него (Матеј 4:1-11; Јован 8:44; 14:30, 1.9., страници 5, 6).
• Во Пословици 10:15 се вели: „Имотот на богатиот му е укрепен град, а на сиромашните сиромаштвото е нивна погибел“. Како се покажува ова точно?
Богатството може да служи како заштита од некои несигурности во животот, исто како што еден утврден град им донесува извесна сигурност на оние што живеат во него. Од друга страна, пак, сиромаштвото може да биде погибелно кога се случуваат неочекувани работи (15.9., страница 24).
• Во која смисла ‚почнало да се повикува името на Јехова‘ во деновите на Енос? (Битие 4:26).
Божјето име било користено уште од почетокот на човечката историја; според тоа, она што почнало во времето на Енос не било повикување на Јехова во вера. Можеби луѓето со сквернавење го применувале Јеховиното име на себе или на други луѓе преку кои се преправале дека го обожаваат Бог (15.9., страница 29).
• Што значи зборот „дисциплина“ според начинот на кој е користен во Библијата?
Зборот не подразбира никакво малтретирање или суровост (Пословици 4:13; 22:15). Грчкиот збор за „дисциплина“ првенствено се однесува на поука, образование, исправка и, понекогаш, на цврсто, но љубезно казнување. Важен начин на кој родителите можат да го имитираат Јехова е така што ќе настојуваат да ги држат отворени линиите на комуникација со своите деца (Евреите 12:7-10, 1.10., страници 8, 10).
• На кој начин вистинските христијани денес покажуваат дека се за влада од Бог?
При застапувањето на Божјето Царство, Јеховините сведоци не се мешаат во политика ниту подбуцнуваат побуна, дури ни во земјите каде што Сведоците се забранети (Тит 3:1). Тие даваат позитивен придонес на начин како што го правеле тоа Исус и неговите рани ученици и настојуваат да им помогнат на луѓето да усвојат здрави библиски вредности, како што се чесноста, моралната чистота и добрата работна етика (15.10., страница 6).
• На кој начин течат животодавните води на Андите?
Јеховините сведоци таму вложуваат напори да им ја однесат библиската вистина на луѓето, дури и на двата локални јазика, кечуа и ајмара. Сведоците ги посетуваат и луѓето што живеат на островите на езерото Титикака, вклучувајќи ги и „пловните“ острови направени од трски што растат во водите на езерото (15.10., страници 8-10).
• Што обезбедил Бог за наше водство, а кое може да се спореди со компјутерскиот систем за управување на модерните патнички авиони?
Бог ги опремил луѓето со способност за морално водство, внатрешно морално чувство. Тоа е нашата вродена совест (Римјаните 2:14, 15; 1.11., страници 3, 4).
• Зошто смртта на Исус има голема вредност?
Кога згрешил, совршениот човек Адам го изгубил човечкиот живот за себе и за своите потомци (Римјаните 5:12). Како совршен човек, Исус го жртвувал својот човечки живот, обезбедувајќи ја на тој начин откупнината што им овозможува на верните луѓе да стекнат вечен живот (15.11., страници 5—6).
• Кои биле Скитите спомнати во Колошаните 3:11?
Скитите биле номадска нација во степите на Евроазија, што имале превласт од околу 700 до 300 пр.н.е. Тие биле застрашувачки коњаници и борци. Во Колошаните 3:11 можеби не се укажува на некоја конкретна нација туку на најлошите нецивилизирани луѓе (15.11., страници 24, 25).
• Зошто можеме да кажеме дека Златното правило е учење што заслужува редовно да му обрнуваме внимание?
Овој етички принцип е изложен во јудаизмот, будизмот, грчката филозофија и конфучијанизмот. Меѓутоа, она на кое упатил Исус во Проповедта на гората бара позитивни постапки, и се однесува на животот насекаде и во секоја ера (Матеј 7:12; 1.12., страница 3).