Имитирај го Јехова, грижејќи се вистински за другите
1 Јехова е најголемиот пример за некого кој покажува вистинска грижа за другите. Како Универзален Суверен, тој е чувствителен и свесен за потребите на неговото човечко творештво (1. Петр. 5:7). Исус ги охрабрил своите следбеници да ги покажуваат особините на неговиот Татко, кој прави сонцето да изгрева и дождот да паѓа врз праведните и неправедните луѓе (Мат. 5:45). Можеш да го имитираш Јехова покажувајќи вистинска грижа за другите — така што ќе бидеш подготвен да ја споделуваш пораката за Царството со секого што ќе го сретнеш. Со тоа што ќе бидеш темелно запознаен со брошурите кои ќе бидат користени во служба во текот на јули, ќе бидеш во добра позиција да им понудиш духовна помош на другите. Следниве предлози даваат некои идеи за тоа како би можел да се подготвиш за првата посета и потоа да го следиш интересот со навремени повторни посети.
2 Кога ја нудиш брошурата „Се грижи ли Бог навистина за нас?“ би можел да кажеш:
◼ „Дали некогаш сте се запрашале зошто Бог допушта луѓето да страдаат ако навистина се грижи за нив? [Дозволи одговор.] Оваа брошура не само што го дава задоволувачкиот одговор на ова прашање туку покажува и како Бог ветил дека ќе ја отстрани сета штета што човекот си ја нанел врз себе и врз својот земски дом“. Прочитај го 23. пасус на 27. страница. Покажи ја илустрацијата под тоа и прочитај го Псалм 144:16, од 22. пасус. Понуди ја брошурата. Ако е прифатена, постави прашање кое може да биде одговорено на следната посета, како што е: „Дали би сакале да знаете како Бог ќе ја исполни својата намера да донесе благослови за човештвото и да ја преобрази Земјата во рај?“ Немој да заборавиш да спомнеш дека нашето дело ширум светот е поддржувано со доброволни прилози.
3 Кога доаѓаш повторно кај оние на кои си им ја оставил брошурата „Се грижи ли Бог навистина за нас?“ можеш да започнеш друга дискусија на овој начин:
◼ „Кога бев минатиот пат, го разгледавме тоа дека Бог навистина се грижи за нас и дека негова намера е да ја отстрани сета штета што човекот си ја нанел врз себе и врз својот земски дом“. Отвори ја брошурата на илустрацијата на 2. и 3. страница и речи: „Нашиот разговор го завршивме со прашањето: Како Бог ќе ја исполни својата намера да донесе благослови за човештвото и да ја преобрази Земјата во рај? Што мислите Вие?“ Дозволи одговор. Сврти на 17. страница и прочитај го 2. пасус и Даниил 2:44. Потоа, прочитај го 12. пасус на 19. страница. Прашај го станарот дали би сакал заеднички да го разгледате 9. дел од брошурата. Ако сака, проучи го заедно со него.
4 Еве еден пристап кој може да се користи при нудење на брошурата „Кога ќе умре некој што го сакаш“. Покажи ја насловната страна и речи:
◼ „Денес ја делиме оваа брошура која им донела утеха и надеж на милиони луѓе кои изгубиле свои драги во смрт. Дали некогаш сте се запрашале каква надеж постои за мртвите? [Дозволи одговор.] Библијата јасно го изнесува Божјето ветување за воскресение“. Прочитај Јован 5:28, 29. Отвори ја брошурата и коментирај за точките изложени во последниот пасус на 28. страница и првиот пасус на 31. страница. Покажи ги придружните илустрации. Понуди ја брошурата. Можеш да го подготвиш патот за повторна посета, прашувајќи: „Како можеме да бидеме сигурни дека конечно смртта ќе биде потполно уништена?“
5 Таму каде што си ја оставил брошурата „Кога ќе умре некој што го сакаш“, можеби на повторната посета ќе сакаш да ја употребиш оваа презентација:
◼ „Кога разговаравме порано, дискутиравме за прекрасната надеж за воскресение. Брошурата што Ви ја оставив објаснува зошто можеме да бидеме сигурни дека конечно смртта ќе биде потполно уништена. Зарем не увидовте дека Божјето ветување е утешно и смирувачко?“ Дозволи одговор. Потоа сврти на 31. страница во брошурата и прочитај ги вториот и третиот пасус, заедно со Откровение 21:1—4. Нагласи го изгледот што го имаме — да уживаме живот без никогаш да не умреме. Во зависност од покажаниот интерес и моменталните околности, би можел да понудиш библиска студија со книгата Спознание или да поставиш друго прашање за да го отвориш патот за следната повторна посета.
6 Кога ја презентираш брошурата „Која е смислата на животот — Како да се пронајде?“ би можел да го кажеш следново:
◼ „Многу луѓе се чуделе која е смислата на животот. Тие се прашувале себеси: Зошто сум тука, каде одам, што ми носи иднината? Што мислите, каде може да ги најдеме одговорите? [Дозволи одговор.] Забележете што вели Библијата. [Прочитај Псалм 35:9.] Зарем не е разумно да се заклучи дека човековиот Творец е најкомпетентен да објасни зошто сме овде? [Дозволи одговор.] Оваа брошура ја покажува величествената намера што Бог ја има подготвено за нас. Сврти на 20. и 21. страница, прочитај го придружниот текст на илустрацијата и коментирај за истата; потоа понуди ја брошурата. Ако е прифатена, прашај: „Како можеме да бидеме сигурни дека сѐ уште Божјата намера за луѓето е да живеат во Рај на Земјата?“ Објасни ја подготовката за донации. Договори време да дојдеш повторно.
7 Ако е врачена брошурата „Која е смислата на животот — Како да се пронајде?“ кога ќе се вратиш би можел да кажеш нешто како ова:
◼ „При мојата претходна посета, навистина уживав во разговорот со Вас за библиското гледиште дека човечкиот живот навистина има смисла“. Покажи ја илустрацијата на 31. страница и прашај: „Како можеме да бидеме сигурни дека сѐ уште Божјата намера за луѓето е да живеат вечно во Рај на Земјата?“ Прочитај го 3. пасус на 20. страница. Разговарај за точките под поднасловот „Тоа е сѐ уште Божја намера“, на 21. страница. Сврти на задната страница од брошурата и прочитај за понудата на бесплатна библиска студија. Воведи ја книгата Спознание и понуди да прикажеш на кој начин ја користиме како помош за проучување на Библијата.
8 Нашата служба треба да го рефлектира искрениот интерес што го имаме за помагање на оние со искрено срце да ‚дојдат до едно точно спознание за вистината‘ (1. Тим. 2:4, НС). Затоа, во твојот план за служба одвој си време да го посетиш секое лице на кое си му оставил брошура. Твоето покажување вистинска грижа за нив може да резултира со помагање на оние кои воздивнуваат и стенкаат поради гадотиите што се вршат во лажната религија за да бидат идентификувани за преживување (Езек. 9:4, 6). Исто така, ќе ги искусиш радоста и задоволството кои доаѓаат од сознанието дека го имитираш Јехова така што вистински се грижиш за другите. (Спореди Филипјаните 2:20.)