Нова програма за Денот на посебен состанок
1 „Бидете луѓе поучени од Јехова“ е темата на програмата за новиот Ден на посебен состанок кој започнува во септември (Јован 6:45). Божествената поука од Јехова вистински ни помага да водиме задоволителен живот. Таа во нас развива длабоко ценење за нашето духовно наследство. Нашите напори да им помогнеме на другите да ја слушнат добрата вест нѐ прават корисни членови на општеството. Овој Ден на посебен состанок ќе ги истакне благословите кои ги уживаат луѓето поучени од Јехова.
2 Програмата ќе направи контраст помеѓу користите од божествената поука и опасностите од световното учење. Појасно ќе видиме како Јехова го обезбедува највисокиот вид образование — образование темелено на неговата Реч, Библијата. Ќе биде ставен нагласок врз три подрачја од обожавањето во кои доживуваме радост што сме поучени од Бог. Освен тоа, младите ќе бидат охрабрени да ги имитираат извонредните библиски примери како што се Давид и Тимотеј и да ги градат своите животи околу духовните активности. Нашата вера ќе биде зајакната додека се истакнува лојалноста на постарите. Новопредадените кои ги исполнуваат условите ќе бидат во можност да се крстат. Доста рано пред денот на состанокот, тие треба да го информираат претседавачкиот надгледник за таа желба.
3 Главното предавање на Денот на посебен состанок носи наслов: „Поучени од Јехова да ја вршиме неговата волја“. Тоа ќе нагласи причини зошто сите ние треба да продолжиме да учиме да бидеме стабилни во верата и да продолжиме да напредуваме. Ќе бидеме поттикнати да го имитираме Јехова поучувајќи ги другите за вистината која води до вечен живот. Ќе бидат вклучени изградувачки искуства за да покажат како публикациите на Заедницата им помогнале на многумина да бидат поучени од Јехова. Ќе бидат истакнати позитивните достигнувања на Јеховината глобална програма за поучување.
4 Направи дефинитивни планови да присуствуваш. Охрабри ги сите заинтересирани да бидат присутни. Исчекувај да бидеш поучен за многу добри работи од страна на нашиот Величествен Поучувач (Иса. 30:20, НС).