Рубрика прашања
◼ Кога собранието е повикано да помогне во подготовката на некој погреб, можеби ќе се покренат следниве прашања:
Кој треба да го одржи говорот за погреб? Оваа одлука треба да ја донесат членовите на семејството. Тие можат да го изберат кој било крстен брат што е на добар глас. Ако старешинството е замолено да обезбеди говорник, тоа обично ќе избере еден способен старешина да одржи говор темелен на нацрт од Заедницата. Иако нема да се велича починатиот, можеби ќе биде соодветно да се обрне внимание на примерните особини кои ги покажувал тој или таа.
Може ли да се користи Салата на Царството? Може, ако е дадена дозвола од старешинството и ако тоа не го попречува предвидениот редовен состанок. Салата може да се користи ако починатиот бил на добар глас и бил член на собранието или, пак, ако е помало дете на некој член на собранието. Ако поединецот го биел лош глас во јавноста поради нехристијанско однесување или ако постојат други фактори кои можеби неповолно ќе се одразат на собранието, старешините можеби ќе одлучат да не дозволат да се користи Салата. (Види во Наша служба, стр. 62, 63.)
Обично, Салите на Царството не се користат за погреби на неверници. Може да биде направен исклучок ако живите членови на семејството се активно поврзани како крстени објавители, ако добар број објавители од собранието знаеле дека починатиот имал поволен став кон вистината и дека во околината бил на добар глас по чесното однесување, и ако на погребот нема да бидат вклучени световни обичаи.
Кога се одобрува користење на Салата на Царството, старешините ќе испитаат дали се очекува сандакот да биде присутен на погребот. Ако тоа е случај, тие би можеле да дозволат тој да биде донесен во салата.
Што е со погреби на световни луѓе? Ако починатиот бил на добар глас во околината, еден брат би можел да одржи утешителен библиски говор во капелата или на гробишта. Собранието ќе одбие да обави погреб за некој кој бил познат како неморален, кој имал незаконско однесување или чиј начин на живеење на големо бил во спротивност со библиските начела. Еден брат сигурно нема да учествува во водење меѓуверска служба со некој свештеник ниту, пак, во погреб кој ќе биде спроведен во некоја црква на Големиот Вавилон.
Што ако починатиот бил исклучен? Обично, собранието нема да биде вклучено. Нема да се користи Салата на Царството. Ако лицето давало доказ на покајание и покажувало желба да биде повторно вратено, можеби совеста на некој брат ќе му дозволи да одржи библиски говор во капелата или на гробишта за да им даде сведоштво на неверниците и да ги утеши роднините. Меѓутоа, пред братот да донесе ваква одлука, ќе биде мудро да се консултира со старешинството и да го земе во обѕир она што можеби тие ќе го препорачаат. Во ситуации каде што не е мудро да биде вмешан тој брат, можеби ќе биде соодветно говор да одржи некој брат кој е член на семејството на починатата личност за да ги утеши роднините.
Понатамошни упатства може да се најдат во изданијата на Стражарска кула од 15 октомври 1990, стр. 30, 31 (англ.); 1 јануари 1982, стр. 29, 30 (срп.); 15 март 1980, стр. 5—7 (англ.); 1 јуни 1978, стр. 5—8 (англ.); 1 февруари 1978, стр. 31, 32 (срп.); 15 март 1970, стр. 191, 192 (англ.) и изданијата на Разбудете се! од 8 септември 1990, стр. 22, 23 (англ.) и 22 март 1977, стр. 12—15 (англ.).