„Дај сѐ од себе“
1 Кога сме му се предале на Јехова, сме ветиле дека ќе му го дадеме нашето најдобро. Соодветно на тоа, апостол Петар ги охрабрил христијаните од првиот век да дадат сѐ од себе за да се осигурат во својата положба пред Јехова (2. Петр. 1:10, НС). Сигурно дека ние сакаме да дадеме сѐ од себе за да му угодиме на Јехова додека му служиме денес. Што повлекува тоа? Како што нашиот однос со Јехова се продлабочува и воедно медитираме за сѐ што тој сторил за нас, срцето нѐ наведува секогаш да го правиме нашето најдобро во неговата служба. Ние сакаме да го подобриме квалитетот и, онаму каде што е можно, да го зголемиме квантитетот на нашата служба (Псал. 33:8; 2. Тим. 2:15, НС).
2 Еден млад брат кој сакал да стори повеќе во службата, увидел дека редовната студија на Божјата Реч го продлабочила неговото ценење за Јехова и му всадила поголема ревност. Тоа го мотивирало да даде молба за пионерска служба. Една сестра, која увидела дека ѝ паѓа тешко да разговара со непознати, вежбала некои од презентациите од книгата Расудување и наскоро почнала да се радува на поголем успех во својата служба. Можела да води библиска студија со една двојка која ја прифатила вистината.
3 Уживај во она што можеш да го сториш: Некои од нас доживуваат тешки околности како што се слабо здравје, семејно противење, сиромаштија или апатија на подрачјето. Многу други проблеми кои се вообичаени во овие последни денови можат да ја попречат нашата служба (Лука 21:34, НС, фусн.; 2. Тим. 3:1). Дали тоа значи дека ние сме промашиле во нашето предание на Јехова? Не, ако му служиме давајќи сѐ од себе.
4 Не е мудро да се просудуваме себеси на темел на она што другите можат да го постигнат. Наместо тоа, Писмото нѐ охрабрува ‚секој да покаже какво е неговото дело‘. Со тоа што потполно се даваме себеси до оној степен до кој лично можеме, му угодуваме на Јехова и тоа ни дава „причина за ликување“ (Гал. 6:4, НС; Кол. 3:23, 24).
5 Да обрнеме внимание на Петровите зборови да ‚дадеме сѐ од себе за на крај Бог да нѐ најде беспрекорни, чисти и во мир‘ (2. Петр. 3:14, НС). Тој дух ќе нѐ наведе да се чувствуваме сигурни и ќе ни донесе мир во умот кој може да го даде само Јехова (Псал. 4:8).